за

Dunlop произведува нови пневматици за спортските олдтајмери

Dunlop sport classic ferrari dino

Сопствениците на олдтајмери не сакаат на своите скапоцени возила да монтираат гуми од модерните генерации. Dunlop им излегува во пресрет со Sport Classic, пневматик со старински изглед, но современа технологија.

Олдтајмерите и јангтајмерите не мора секогаш да мируваат во гаража, чекајќи сопственикот да се смилува и да ги вози. На оние сопственици на стари спортски автомобили што можат да си дозволат почести „излети во историјата“, Dunlop им ја нуди Sport Classic.

Dunlop Sport Classic за олдтајмери и јангтајмери меѓу 1960-те и 1990-те години

Оваа гума со класичен изглед е изработена според постоечките технологии и наменета е првенствен за спортски модели од периодот меѓу 1960-те и 1990-те години. Тука спаѓаат легенди како Porsche 356 и Ferrari Dino, но и безвременски крстосувачи како Mercedes SL од типот 107 или Volvo Amazon, Ford Capri и серијата 02 на BMW.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Серијата Sport Classic е достапна во десетте најчести димензии од тој период. Зад гумите стојат 10.000 часа развој, 900 тестирања на пробни валци и 150.000 извозени километри, како и 100 тестирања во практика на патеките во Луксембург, Франција и Португалија.

Специјална облога над појасот ја зајакнува каркасата и на тој начин овозможува да се постигне оптимална газечка површина. Смешата на гумата е иста како кај модерните генерации. Грубите и многубројни блокови во дизајнот на газечката површина се грижат за добар контакт со подлогата на влажен пат и за солидно истиснување на водата. Според производителот, возните својства на Sport Classic на влажно се споредливи со модерните гуми на Dunlop.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda NSX GT3

Половина милион евра за Honda NSX GT3 за приватни тркачи

Rolls-Royce Phantom VIII

Rolls-Royce Phantom VIII: Архитектура на луксузот