за

Кој е расположен за електричен велосипед од… Ducati!

Ducati MIG електрични велосипеди
Ducati MIG електрични велосипеди

Култната марка мотоцикли Ducati годинава влезе и во бизнисот со електрични велосипеди. По првенчето MIG-RR, почнува да се шири моделското семејство од електрични велосипеди. Како што тоа мајсторски го умее италијанската марка, има и изведба во ограничена серија.

Есклузивниот електричен велосипед меѓу другото поседува карбонски бандажи, втора батерија и амортизација од Öhlins, заедно со пренос со 12 степени, место стандардните единаесет. Соодветно и цената на моделот од лимитираната серија чини 8.890 евра. Само 50 примероци ќе се изработат од овој велосипед. Во исто време се нуди и нов, подостапен модел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Основниот модел MIG-S исто така е дел од соработката со производителот на електрични велосипеди Thok, со 150 mm работен на предниот амортизер и 140 mm на задниот амортизер. Неговата цена е 4.699 евра, што е за околу 1.500 евра помалку во споредба со MIG-RR.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште еден нов модел е E-Scrambler, кој припаѓа во сегментот на градски и трекинг велосипеди. Моделот располага со 11 степени на пренос и поседува носач за багаж. Рамката е лакирана во жолта, место во црвена боја, а место Shimano Steps E8000, како мотор се користи E7000. Батеријата е иста, со капацитет од 504 ватчасови. Цената на E-Scrambler изнесува 3699 евра.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda superb phev polnac

Skoda е најпродавана европска марка во Израел

Идриз Елба ќе го претстави електричниот СУВ на Ford на 18-ти ноември