151
20 shares, 151 points

Италијанците ја комбинираа нивната „дезмодромика“ со варијабилно управување со вентилите и ветуваат многу предности во новиот мотор Testastretta-DVT.

Техниката што Фабио Таљолини ја осмисли во 1956 година и од достигнувањето на нејзината сериска зрелост се користи во секој мотор за мотоциклите од Болоња е најголемата гордост на Ducati. „Дезмодромиката“ или активирањето на вшмукувачките и издувните вентили преку клацкалка е специјалност на оваа италијанска марка мотоцикли. За затворањето на издувните вентили обично се грижи навојна пружина, што порано можеше да предизвика проблеми. Техничарите сметаа дека е невозможно ова присилно затворање на издувните вентили, наречено „дезмодромика“, да се комбинира со варијабилно управување на вентилите. Инженерите на Ducati сепак успеаја да ги комбинираат обете техники.

Новиот систем се нарекува DVT или Desmodromic Valve Timing и овозможува постигнување на поголема моќност при пониска потрошувачка, а во исто време и посмирена работа на моторот. Од следната година овој систем ќе почне да работи во двоцилиндарскиот Testastretta DVT со зафатнина од 1.199 сантиметри кубни и најверојатно ќе се вградува прво во новата верзија на Ducati Multistrada.

Предноста на DVT се огледува најмногу во вртежниот момент на моторот. Техничарите тврдат дека вртежниот момент е зголемен за најмалку 10 проценти во целото работно подрачје на моторот. Максималната вредност на вртежниот момент е зголемена од 124 на 136 Nm при 7.500 вртежи. Во исто време порасна и моќноста, од 150 КС при 9.250 вртежи на 160 КС при 9.500 вртежи, додека потрошувачката се намали за околу 8 проценти. Примената на варијабилното управување со вентилите придонесе и за смирување на работата на моторот. Според Ducati, индексот на култивираност на моторот е подобрен за 78 проценти.

Сите овие ефекти се постигнати со примена на сервомотор којшто влијае врз управувањето на вентилите. Потребниот сигнал за тоа доаѓа од рачката за гас. Кога моторот работи без оптоварување, вентилите добиваат поразлично управување отколку при поголемо оптоварување. Кога времињата на отворање на вшмукувачките и издувните вентили не се поклопуваат или се поклопуваат незначително, тогаш се подобрува култивираноста на моторот. Наспроти тоа, моќноста се зголемува паралелно со зголемувањето на поклопувањето на вентилите при растечки вртежи и растечко оптоварување.

Во следните неколку години Ducati ќе го примени принципот DVT во сите свои мотори со водено ладење.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743