за

Групацијата на Peugeot доаѓа со електричен модел на салонот во Париз

psa peugeot citroen ds elektrifikacija

Погонот на струја е застапен во групацијата PSA многу повеќе отколку што наведува првичниот впечаток. Peugeot и Citroen силно притискаа на педалот на електричниот погон уште во времето на мини-легендите AX, Saxo и 106, во почетокот на 1990-те години. Електричните верзии од овие модели не требаше само да се појават под салонските рефлектори, туку истите учествуваа во секојдневниот сообраќај – произведени во серија од околу 5.000 примероци.

Неколку грешки во чекори, вклучувајќи го и вложувањето во дизел-хибридот, ја одзедоа предноста што марките на PSA ја имаа во електричниот погон, точно во времето кога пазарот почнуваше повеќе да се интересира за погонот на струја. Citroen C-Zero и Peugeot iOn се покажаа како одлични електрични автомобили, но светот во нив не виде друго освен Mitsubishi. Од друга страна, Peugeot 3008 HYbrid 4 и Peugeot 508 RXH имаа огромен потенцијал за револуција, но купувачите уште не беа подготвени за истата. Историјата ќе открие уште голем број „пионерски“ електрични автомобили од групацијата на Peugeot, но заклучокот ќе биде истиот – Французите (што не се Renault) беа во огромна предност.

Тоа не значи дека марките на PSA нема да се вратат под напон. Марката DS, којашто во меѓувреме јасно се издвои како премиум марка во рамките на групацијата и како независна марка од Citroen, веќе одамна постигнува многу за електричниот погон.

DS веќе има изградено имиџ на „електрична марка“ со учеството во Формула Е

Уште откако се издвои во јуни 2014 година, DS е дел од светското првенство со електрични болиди во Формула Е. Затоа беше сосем логичен чекор кога за време на изминатиот тркачки викенд во Формула Е во Париз беше најавено интензивно воведување на електричниот погон во гамата на марката.

DS 7 Crossback E-Tense 4×4 официјално стартува наесен во 2019 година, со погон на сите тркала, 300 КС и електричен досег од околу 50 километри според новиот и реален циклус WLTP. Сите модели што ќе следат потоа ќе бидат понудени во верзија со електрифицирана погонска спрега, односно како плагин-хибрид или чисто електричен погон.

#ParisEPrix – english version

Let’s get rid of the routine! DS Performance electrifies Paris this week. Follow us to the #ParisEPrix! We’ll drive at + 200 kph (literally).

Posted by DS on Tuesday, April 24, 2018

Како своевидно запечатување на оваа стратегија, на салонот во Париз годинава ќе биде прикажан и првиот чисто електричен модел со знакот на DS – ако се изостават претходниците под марките Peugeot или Citroen. Продажбата на овој модел веројатно ќе стартува по комерцијализацијата на DS 7 Crossback.

Веќе од 2025 година, секој нов модел на DS ќе се нуди или како плагин-хибрид или како електричен автомобил. Во двете погонски варијанти, исто така. Секако дека во исто време ќе се случува и електрификација во моделската понуда на Peugeot. Со ставањето на француските модели „под напон“ се зголемуваат и шансите за повраток на некогаш силната позиција на обете марки на кинескиот пазар, кадешто електричните автомобили постигнуваат многу поголем пробив во продажбата.

Во Јапонија возат над 100.000 електрични автомобили Nissan Leaf

Почнува големиот пробив на електричните автомобили

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Тркалото на иднината е електрично

Србија ќе произведува делови за електрични возила за ZF

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

roland gumpert rg nathalie

Ауто Билд за германскиот автомобил на метанол во Пекинг

пијано возење камера

Вака изгледа пијано возење со трезни очи