за

Dräxlmaier произведува батерии за Porsche Taycan во Заксенхајм

Дрекслмајер, фабрика, батерии, Германија, Porsche Taycan

Добавувачот на автомобилската индустрија Dräxlmaier ја отвори својата прва фабрика за батерии. Во погоните во близина на Штутгарт ќе се произведува целиот батериски систем за електричниот Porsche Taycan

Добавувачот Dräxlmaier започна со сериско производство на 800-волтниот батериски систем за електричниот Porsche Taycan во Заксенхајм, во близина на Штутгарт. На површина од преку 10.000 метри квадратни се одвива високоавтоматизирано производство. Тоа е прва фабрика за батерии на баварската компанија, која од почетокот на деценијава произведува и во Македонија, во погоните за кабли во Кавадарци.

Dräxlmaier работи со акумулаторски системи уште од 2009 година. Батериските модули се воведуваат автоматски на производствената линија во Заксенхајм, по што се додаваат дополнителните компоненти и на крајот се вршат тестирања. Комплетниот батериски систем ќе испорачува енергија за првиот модел на струја на Porsche. Освен производство, на локацијата што е на дваесетина километри од седиштето на спортската марка се наоѓа и одделение за истражување и развој на Dräxlmaier.

Во деловното подрачје акумулаторски системи, групацијата развива високоволтни батериски системи, како и одделни компоненти за високоволтната батерија. Во системот спаѓаат и производи, како што е самата приклучна кутија за полнење, до најразлични електронски компоненти што вршат интелигентно мерење, дистрибуција, меморирање и пренос.

Производството на електричниот Porsche Taycan ќе биде СО2-неутрално

Porsche Taycan дојде до фаза да си игра со снегот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британски What Car со список на најиздржливи и најрасипливи модели

Ford Focus ST за експресен транспорт на луѓе и багаж