за

Dodge им продава на Американците со 10 долари попуст за секоја КС

dodge power dollars uspesno
dodge power dollars uspesno

Колку повеќе коњски сили има автомобилот, толку поголем попуст за истиот. Во оваа една и единствена акција на Dodge, американските возачи добиваат близу 8.000 долари попуст за Challenger Hellcat Redeye – со неговите 797 КС. Добри попусти следат и за останатите модели.

На Американците мора да им се признае дека секое претерување умеат да го претворат во уживање. Нормално е дека на ниту еден друг пазар во светот досега не бил измислен попуст како овој: Dodge Power Dollars е продажна акција, во којашто за секоја коњска сила на автомобилот што ќе се избере, следуваат по 10 долари попуст. Акцијата важи за сите моделски изведби на Dodge Challenger, Dodge Charger или Dodge Durango.

Исто како што купувачите на електричен или хибриден автомобил добиваат субвенција затоа што помалку ја загадуваат животната, така и купувачите на Dodge добиваат своевидна субвенција затоа што сакаат да возат моќно. Целта е постигната два месеци пред планираното и веќе се „продадени“ 500 милиони коњски сили.

Од менаџментот на FCA коментираат: „Овие мускулести автомобили на Dodge привлекуваат нова генерација купувачи, кои се убедени во перформансите, ставот и карактерот на марката Dodge – марка што и натаму се разликува во автомобилскиот сегмент. Ова е златна ера на мускулестите автомобили.“

Како резултат од необичната продажна акција, Dodge Challenger имаше рекорден трет квартал годинава, додека Charger постигна најдобар резултат за третиот квартал во последните 13 години. Dugango не заостанува и има најдобра календарска година по 2005.

Во чест на постигнувањето на целта, САД да добијат половина милијарда коњски сили, Dodge во следната недела ќе објави посебен настан за своите фанови.

Dodge Power Dollars“:

Challenger

Модел

КС

Попуст

Hellcat Redeye

797

$7,970

Hellcat

717

$7,170

R/T Scat Pack

485

$4,850

R/T

375

$3,750

GT AWD

305

$3,050

GT

305

$3,050

SXT AWD

305

$3,050

SXT

305

$3,050

 

Charger

Модел

КС

Попуст

Hellcat

707

$7,070

Scat Pack

485

$4,850

R/T

370

$3,700

GT

300

$3,000

SXT AWD

300

$3,000

SXT

292

$2,920

 

Durango

Модел

КС

Попуст

SRT

475

$4,750

R/T

360

$3,600

Citadel

295

$2,950

GT

295

$2,950

SXT

293

$2,930

https://www.instagram.com/p/B3rcVZUFFDd/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 evropa start

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Германија

Lexus LF-30 токио мотор шоу

Lexus LF-30 или зошто Јапонците не мислат да се откажат од авто-салоните