за

Овој Dodge Charger на продажба го возеле светски ѕвезди

Dodge Charger Bullitt

Dodge Charger од 1969 година, претходно поседуван од филмската легенда Брус Вилис и од музичката ѕвезда Џеј Кеј, оди во потрага по нов сопственик. Наддавањето се одржува на 24-ти февруари во Британија, во организација на познатата наддавачка куќа Силверстоун.

Со каросерија лакирана во сјајна црна боја и со оригиналниот кожен ентериер, овој Dodge Charger е изработен според истата спецификација како во култниот филм „Bullitt“ од 1968 година. Филмските и авто фановите ги помнат сцените кога Стив Мек Квин го гони Dodge Charger R/T 440 Magnum со својот Ford Mustang GT.

Dodge Charger 'Bullitt' 1969 nosecka

Charger губи на филмското платно, но не и конкретниов примерок. Светски мега ѕвезди седеле зад воланот. Брус Вилис го добил автомобилот на подарок од неговата прва сопруга Џеми Мур и останал десет години во негова сопственост. „Амеро-снагаторот“ во 2008 година го купува Џеј Кеј и го пренесува од оваа страна на големата бара, во Велика Британија.

Темниов Dodge Charger би бил доволно интересен и без мега-ѕвездите во неговата историја

Во 2014 година, фронтменот на „Jamiroquai“ вложува 25.000 фунти во обновување и тјунирање на моторот. Познатиот авто-ентузијаст вложува во сите подрачја, со цел да се извлече максимумот. Во звукот на моторот, исто така. Според менаџерите на наддавачката куќа, ова е најдобриот примерок од Dodge Charger со спецификација „Bullitt“ што моментно се наоѓа на пазарот.

Dodge Charger 'Bullitt' 1969 int

Со 8,2-литарски V8 и тристепен автоматски менувач, ова моќно парче се очекува да достигне вредност меѓу 50 и 60 илјади фунти, кога ќе добие нов сопственик пред крајот на месецов. Наддавањето за Dodge Charger ќе биде меѓу клучните моменти за време на тркачкиот викенд со стари автомобили, кој се одржува во Ворвикшир.

Mustang Bullitt и Edge ST само за американскиот пазар

Porsche 917 од „Леман“ бара нов сопственик за 16 милиони $

Auto Bild ги открива најголемите пијаници меѓу автомобилите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

MAN камионски плотун

MAN тестира камионски плотун по германскиот аутобан

BMW X2 fabricki fotografii

BMW X2 на тест на АДАК Моторвелт