за

Добриот вид е основен предуслов за безбедно возење

добар вид за безбедно возење

Точката во нашите очи којашто се грижи за острината на видот се нарекува фовеа и сочинува незначителен дел од околу 0,01 процент од ретината. Но, важна улога за сообраќајот имаат и останатите функции на видот, иако за издавање возачка дозвола се проверува само острината.

Добриот вид е многу повеќе од остар вид

Оптичарите и оптометристите можат да проверат многу поголем дел од ретината. Тоа е важно за навреме да се откријат симптомите што би укажале на очно заболување и на потреба од упатување на офталмолог. Но, поважно е тоа што оптометристот може да тестира функции на видот коишто се важни во сообраќајот, како што е гледањето во затемнети услови, контрастот, полето на гледање или активната подвижност на очите.

Острината на видот не е толку важна при вечерно возење, колку што се важни останатите функции. Зависно од ситуацијата и временските услови, нашиот мозок обработува најразлични информации од видот и ги комбинира во слика, којашто предизвикува да реагираме соодветно. Затоа, острината на видот е само еден од факторите според коишто се одредува дали видот е добар или е слаб.

Слабата острина на видот предизвикува забавена реакција

Од друга страна, недоволната острина на видот може да влијае и врз останатите функции, како на пример на времето на реакција. Токму тоа е решавачки фактор во сообраќајот, исто како и во спортот. Истражувањата покажале дека реакцијата се забавува за 21 до 26 милисекунди при ослабување на видот за еден диоптер, односно за дури 52 милисекунди при ослабување за три диоптери.

Еднаш годишно на оптичар – не само заради безбедно возење

Редовните тестирања покажале дека секој втор возач не гледа добро, затоа што има потреба од очила или треба да ги смени истите. Поради тоа се препорачува посета на оптичар еднаш во годината. Стручните лица можат да дадат и посебни совети, на пример за специјални леќи за возење автомобил. Оптометристите ќе направат и дополнителни проверки на моќта на видот.

Патување со автомобил ноќе не е најдобар избор

Неколку совети за безбедно возење ноќе

Нова технологија на очила го трга кошмарот од ноќното возење

Долго возење и гледање ТВ го затапуваат умот

Нови безбедносни стандарди во возилата од 2018 година

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda civic type r toro roso

Civic Type R за пилотите на Торо Росо во Формула 1

bmw 6 gran turismo

BMW 6 Gran Turismo добива четирицилиндарски дизел