за

Дизелот спадна на 37% на европскиот пазар

паѓа продажбата на дизелот

Учеството на дизелот во продажбата на автомобили на европскиот пазар продолжи да се намалува и достигна најниско ниво во последните 17 години

Пред само една година, дизелот учествуваше во продажбата на автомобили на европскиот пазар со 46 проценти. Според статистиката за првото полугодие, уделот на автомобилите со дизел мотор се смалил драстично, на само 37 проценти. Тоа значи дека само еден од секои три продадени автомобили има дизел мотор под хаубата.

Интересот меѓу купувачите опаднал најмногу во Норвешка и Велика Британија, кадешто уделот на дизелот во првото полугодие изнесува само 32, односно 30 проценти. Во Словенија, Финска и Белгија исто така се забележува голем пад во продажбата на автомобили со дизел мотор. На Балканот, уделот е паднат на само 28 проценти, иако овој податок е само релативен, затоа што во исто време се зголемува увозот на користени дизели.

Бензинците и алтернативците профитираат на сметка на дизелот

Моделите со бензински мотори профитираат од падот на дизелот. Нивниот удел во првото полугодие изнесува 56 проценти. До крајот на јуни, во Европа се регистрирани 8,66 милиони нови автомобили. Расте и уделот на автомобилите со хибриден, плагин-хибриден и електричен погон. Во првите шест месеци лани, тие учествувале со 4,3 проценти, во истиот период годинава, нивниот удел се зголемил на 5,4 проценти. Норвешка и натаму е најдобар пример за брзо преоѓање во ерата на чистиот погон и нултата емисија на СО2. Уделот на „алтернативците“ таму изнесува дури 56 проценти од почетокот на годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen moia hanover start

Volkswagen ќе биде новиот „Uber“ во Хамбург

bmw welt trka so dronovi

Над 3.000 гости на трката со дронови во Светот на BMW