161
24 shares, 161 points

Автомобилите со дизел мотор учествувале со само 32,5 проценти во продажбата на германскиот пазар во февруари. Тоа претставува намалување од 19,5 проценти во споредба со истиот месец лани.

Дизелот безнадежно ја губи трката со вечниот ривал, бензинскиот мотор. Тоа го потврдуваат продажните статистики од најголемиот пазар на автомобили во Европа, од германскиот пазар. Во февруари, уделот на возилата со дизел мотор во вкупната продажба на нови автомобили во Германија изнесувал само 32,5 проценти. Тоа е за дури една петина, односно за 19,5 проценти помалку отколку во ланскиот февруари.

Наспроти тоа, кај бензинците е забележан пораст од 25,9 проценти, што е јасна потврда дека возачите се префрлуваат од дизели на возила со бензински мотор. Февруарската продажба на автомобили со електричен погон достигнала 2.546 примероци (+64,7%), додека хибридите имаат 8.289 продажби (+63,1%), од кои 2.559 возила имаат плагин-хибриден погон (+77,3%). Четирикратно е зголемена продажбата на возила со погон на метан, но нивниот удел и натаму е релативно мал, со 0,3 проценти.

За два месеца во Германија се продадени повеќе од половина милион нови автомобили

Во минатиот месец на германскиот пазар се продале 261.749 нови патнички автомобили или за 7,4 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Во првите два месеца, вкупната продажба достигнала 531.000 нови автомобили (+9,5%).

Кризата со дизелот дополнително ќе се разгорува во следните месеци, откако повеќе германски градови ќе почнат да воведуваат забрани за сообраќај за дизел возила со норма послаба од Euro 6, со цел да ги заштитат граѓаните од штетните емисии на азотни оксиди и честички гареж. Несигурноста на купувачите се покажува и на пазарот на користени возила. Во минатиот месец, 545.000 автомобили го смениле сопственикот, што претставува намалување од 3,4 проценти.

Со исклучок на Audi (-3,6 %) и BMW (-0,7 %) сите германски марки забележале пораст, додека од увозните марки, најмногу напредувале Skoda (+17,8 %) и Renault (+12,2 %). За повеќе од една петина е намалена продажбата на Jaguar (-23,8 %), Alfa Romeo (-23,7 %), Lexus (-23,6 %), Subaru (-22,3 %) и Nissan (-21,4 %).

Статистиките за Македонија и натаму се достапни само во најпримитивната форма

Покрај овие детални статистики за германскиот пазар, за Македонија го имаме единствено податокот дека во декември лани биле увезени 516 нови и 2.416 користени патнички автомобили, што во споредба со истиот месец преклани претставува зголемување од 12%, односно 25,6% соодветно. Според нецелосните податоци кои увозниците ги доставуваат до регионалните статистички сервиси, во првиот месец од годинава во Македонија се продадени 310 патнички автомобили и 61 доставни возила. Меѓу марките води Volkswagen со 33 патнички возила, пред Skoda со едно возило помалку и Toyota со 28 возила во јануари. Следат Ford и Kia, со по 27 возила. Кај доставните возила соодносот е Fiat (19), Peugeot (15) и Ford (8 возила). Во статистиката отсуствуваат податоците за Mercedes, BMW, Mazda и Hyundai.

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

Фабрика на Bosch во криза поради слабата продажба на дизелот

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот

Цените на дизелите десеткувани по забраните за сообраќај во Германија

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
24 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743