за

Заминувањето на дизелот не ги зголемува емисиите на СО2

дизелот штетни материи

Производителите вложуваа многу во дизел моторите, затоа што тие им беа лесен начин за исполнување на лимитите за емисија на СО2 на ЕУ. Избивањето на дизелгејт стави крај на доминацијата на овој мотор во Европа. Преку своите врски со медиумите, автоиндустријата објавува наслови во коишто се предупредува дека емисиите на СО2 ќе се зголемат доколку продолжи падот во продажбата на дизелот. Но, тоа е само обид за заштита на сопствените инвестиции во производството на овие мотори.

Дизелите уште пред две години ја изгубија доминацијата на европскиот пазар. Во 2011 година, дури 55% од новите автомобили регистрирани во ЕУ имале дизел мотор под хаубата. Официјалните статистики покажуваат дека уделот се намалил на 49% во 2016 година, а последните податоци сведочат дека падот во продажбата на дизелот продолжува и во првите месеци од 2018 година.

На петте најголеми пазари во ЕУ, во коишто се продаваат три четвртини од вкупниот број нови автомобили во регионот, уделот на дизелите се намалил од 56% во 2012 година на 45% во 2016 година. Само лани, пазарното учество на дизелот се намалило за повеќе од 5% на главните пазари, односно во Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија. Единствено во Италија нема промени.

Разликата во потрошувачката на гориво стана безначајна откако бензинските мотори го добија директното впрскување на гориво под висок притисок и останатите технологии од „супердизелите“

Дизел моторите трошат помалку гориво од бензинските, но емисијата на СО2 не се намалува во истата мера. При согорување литар дизел се ослободува околу 11% повеќе енергија отколку кај бензинот, но притоа се ослободува и приближно 11% поголема количина на СО2, поради повисоката содржина на јаглеводород во дизел горивото.

Поради повисоката енергетска густина на дизел горивото, овие мотори во минатото беа во предност пред бензинците во поглед на ефикасноста. Но, бензинците во меѓувреме ја добија истата техника што пред повеќе од две децении ги претвори дизелите во „тркачки машини“ со минимална потрошувачка. Денешните бензинци поседуваат директно впрскување под висок притисок, турбонатполнење, варијабилна работа на брегастите вратила – изборот на автомобил со дизел мотор стана само „лоша навика“.

Малата предност во потрошувачката и зголемената разлика во цената, поради комплицираната техника за пречистување на издувните гасови, направија дизелот да биде само „лоша навика“

Споредбата на бензинска и дизел верзија на VW Golf, обете со мотори со 150 КС, покажува дека разликата во емисијата на СО2 е безначајна, а притоа моделот со бензински мотор чини и 3.400 евра помалку. Моделот со дизел мотор нема да успее за целиот свој животен век да ја компензира повисоката цена преку пониската потрошувачка.

Моделска изведба

Гориво

Пренос

Мотор

СО2 (g/km)

Цена (во евра)

VW Golf TDI

Дизел

6-степени, мануелен

150 КС

109 до 111

27.450

VW Golf TSI ACT

Бензин

6-степени, мануелен

150 КС

114 до 116

24.050

Разлика меѓу дизел и бензин

0

-5

+3.400

VW Golf TDI

Дизел

6-степени, мануелен

150 КС

109 до 111

27.450

VW Golf TSI ACT

Бензин

6-степени, мануелен

150 КС

114 до 116

24.050

Разлика меѓу дизел и бензин

0

-1 до +3

+3.400

(цените се преземени од германскиот ценовник)

Откако ЕУ ги воведе новите норми за мерење на потрошувачката на гориво, коишто се поблиску до реалните вредности, предноста на дизелот во емисијата на СО2 се сведе на само 2 проценти. Објаснувањето е во фактот што потрошувачката на гориво на дизел моторите според новите норми се зголемува повеќе отколку кај бензинците.

За дизел моторите да ги исполнат строгите норми за СО2 во 2025 година, потребни се дополнителни системи за пречистување на издувните гасови, коишто би ги зголемиле производствените трошоци за 300 до 500 евра по возило. Ова поскапување дополнително ќе ги откаже купувачите од интересот за возило со дизел мотор.

Франција ќе ги изедначи акцизните стапки за дизелот и бензинот до 2021 година

Уште една погодност за дизелите е пониската акцизна стапка за горивото во повеќето држави во ЕУ. Во Германија, на пример, акцизата за дизелот е 30% пониска отколку за бензинот, што државниот буџет го скусува за 8 милијарди евра годишно. Постои предлог, акцизата за двете горива да се изедначи до 2025 година. Во Франција тоа ќе се случи веќе до 2021 година.

Намалувањето на продажниот удел на дизелот нема да предизвика зголемување на емисијата на СО2. Во замена за дизелот, купувачите едноставно наоѓаат решение во хибридниот погон. Емисијата не само што не се зголемува, туку се намалува за 20 проценти. Пазарните аналитичари ценат дека дизелот ќе учествува со само 15% во продажбата на нови автомобили во Европа во 2025 година.

Само третина од новите автомобили во Германија се дизели

Fiat Chrysler е следниот во дизел-скандалот во САД

Фирми во Британија ги заменуваат дизелите во возните паркови

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai vozdusni pernici

Hyundai повторно во проблеми со воздушните перници

еколошките автомобили британија

Брегзит ќе ѝ ги однесе еколошките автомобили на Европа