за

Електродистрибутер во Германија нарача 14.000 електромобили за вработените

Електродистрибутер во Германија нарача 14.000 електромобили за вработените

Компанијата за електродистрибуција во германската покраина Баден-Виртемберг ќе обезбеди поволни услови за нејзините вработени да набават електричен автомобил. Возилата нема да се купуваат, туку ќе се користи финансирање или лизинг, па дури и принцип на месечна претплата, како кај мобилен телефон.

Најголемиот електродистрибутер во германската покраина Баден-Виртемберг распиша тендер за електрични возила, во чијшто опис стои „Лизинг, наем или модел на претплата на патнички моторни возила со погон целосно на струја, за мотивација на вработените.“ Станува збор за невообичаен тендер, меѓу другото и поради тоа што компанијата во описот наведува дека нема намера да ги купува автомобилите.

Целта е да се обезбеди електричен автомобил за приватно користење за 14.000 вработени. Цената на возилата не е единствениот решавачки критериум. Реализацијата на договорот треба да отпочне во мај 2020 година и истиот ќе биде во времетраење од три години. Возилата ќе се испорачуваат сукцесивно.

Во првото полугодие во Германија се регистрирани 31.000 нови електрични автомобили, од кои половината се службени. Тоа најдобро сведочи за обемот на тендерот од 14.000 возила.

Компанијата во покраината чијшто главен град е Штутгарт, домот на Mercedes и Porsche, на овој начин ја подржува заштитата на животата средина и презема предводничка улога во мотивирањето на своите вработени, да преминат на чистиот погон. Поради обемот на тендерот, се очекува дека ќе се постигнат мошне поволни услови за користењето на електричните возила.

https://www.instagram.com/p/ByZygRuIYZx/

Електричните возила почнаа да пристигаат во поголем обем во компанијата уште лани, кога 180 вработени добија BMW i3 на лизинг за една или две години, а во почетокот на годинава следеа уште 150 e-Golf за персоналот. Интересот ги надмина очекувањата, околу 500 вработени поднесоа барање за електричните возила по поволни услови.

Триесет електрични модели моментно во понуда: Старт од 15.900 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia ProCeed salon

ProCeed е вториот Stinger во арсеналот на Kia

Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе

Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе