за

Во Њујорк поштата се разнесува со товарни велосипеди

DHL товарни велосипеди њујорк
DHL товарни велосипеди њујорк

Компанијата DHL ќе користи товарни велосипеди за достава на пратки во градот Њујорк. Светскиот лидер во подрачјето на логистиката започна тестирање со осум товарни велосипеди, со коишто ќе се покрива мал дел од територијата на Менхетен. Целта е фирмите да се охрабрат за користење товарни велосипеди во тест-периодот што ќе трае шест месеци. Покрај DHL, меѓу првите корисници се Amazon и UPS.

Товарниот квадрицикл со име Cubicycle првпат најде примена во Холандија во 2015 година. Оттогаш, тој се користи и во Германија, Белгија и Сингапур. DHL во светски рамки има 85 товарни велосипеди. Поголемиот дел од нив се од моделот Cubicycle, а има и помал велосипед Parcycle, кој само е опремен со товарна кутија. Ова е првпат Cubicyle да се користи во САД.

Планот е во централниот бизнис комплекс на Менхетен, јужно од 60-та авенија, да се користат 100 велосипеди по завршувањето на тест-периодот. Градот во меѓувреме ќе собира податоци за брзината, паркирањето, користењето на патеките и за големината на товарните велосипеди, по што ќе оценува дали тие се ефикасни во поглед на растоварувањето на сообраќајот во градот. За време на пилот-програмата, товарните велосипеди ќе можат бесплатно да се паркираат пред продавниците и локалите.

Седиштето на Cubicycle е комфорно и безбедно, а електромотор го намалува напорот за вртење на педалите при возење по нагорнина и при повисоки брзини. Преку сончев колектор се обезбедува и одредена количина струја за работата на електромоторот.

Секој Cubicycle во замена за класично доставно комбе ја поштедува животната средина од осу, тони СО2 годишно. Заштедата во енергија изнесува до 90% во споредба со комбињата со електричен погон, односно е драстично поевтино во споредба со возила со обичен погон.

Товарни велосипеди ја преземаат доставата на пратки

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 poevtina izvedba

Три од секои четири продадени електрични коли во САД се Tesla

Продукцијата на автомобили во Германија најниска во последните 22 години

Продукцијата на автомобили во Германија најниска во последните 22 години