Браншата со возила и опрема за кампување бележеше огромен раст пред корона. Dethleffs е големо име во оваа бранша и најави продолжување со работа за 14-ти април. Воведени се заштитни мерки, извршена е онлајн-обука. Итноста е со причина. По кризата, светот ќе сака да оди во природа.
Производителот на камп-возила Dethleffs ќе продолжи со работа во фабриката во германскиот град Исни на 14-ти април. Таму погоните мируваат од 25-ти март. Оттогаш се воведени дополнителни хигиенски мерки и воедно е извршена онлајн-обука на вработените, за производството да стартува брзо и без потешкотии.
Во меѓувреме е изработен и рачен алат со повеќе намени, наречен соодветно Корони, со цел вработените без непосредно допирање да ракуваат со техничките уреди и со прекинувачите.
Производството во Dethleffs мируваше поради прекинатиот синџир од добавувачи. Како заштитни мерки, во сите простори на компанијата во коишто се среќаваат повеќе лица, залепени се сини стапалки на растојание од 1,5 метар во секоја насока. Обезбеден е и доволен број маски за сите вработени.
https://www.instagram.com/p/B-UDuiZCcYE/
Поставени се садови со течност за миење раце и за дезинфекција на сите влезови, забранет е пристап за лица што не се вработени, нема службени патувања, се работи од дома, се одржуваат видеоконференции и работните места се раздвоени.
Се работи во две смени преку еден ден – кога едната смена доаѓа на работа, другата ги врши своите обврски од дома, за на тој начин да се намали бројот на лица во фабриката
Тоа што посебно привлекува внимание е Корони, алатот со повеќе намени. Тој е изработен од неколку слоеви шпер плоча и во основа претставува еден вид швајцарски џебен нож, за отворање и затворање на славините, прозорците и вратите, како и за ракување со микробрановите печки и тастатурите без директен допир со кожата. Овој хигиенски алат ќе го добијат сите вработени. Кантината и изложбениот салон остануваат затворени.
https://www.instagram.com/p/B-byLoDirI8/