137
20 shares, 137 points

Секој велосипед не е само велосипед. Разликите во геометријата на рамката, во големината на тркалата и дебелината на гумите, во положбата при возење или во видот на седиштето, прават некои велосипеди да одговараат повеќе на потребите или желбите на велосипедистите. При изборот треба да се внимава и на практичната страна, на постоењето браници што ќе штитат од прскање или на светла заради безбедност и подобра прегледност на патот. Некои сакаат да бидат во тренд, други сакаат возењето да им биде колку е можно полесно и покомфорно.

Меѓу овие десет варијанти на велосипед, сигурно постои една што ќе ви се допадне најмногу. Цените што се наведени во описите на велосипедите се препорачаните продажни цени од производителите за европскиот пазар.

Трекинг велосипед

treking kg

Трекинг велосипедот е добар за сите задачи во секојдневието, но може и многу повеќе од тоа. Поради комплетната опременост и погодноста за патување, многумина се решаваат за овој вид. На тркалата од 28 инчи се монтирани солидни гуми, а алуминиумската или челичната рамка има умерено спортска геометрија. Диск сопирачки, класичен менувач и преден амортизер овозможуваат задоволнителна безбедност, добра брзина и комфорно седење.

Еден од најквалитетните, но и соодветно скапи претставници од овој вид е холандскиот Koga F3 5.0 S, чијашто цена изнесува околу 1.500 евра. За користење за превоз до работа преку цела година се потребни уште диодни светла со динамо во оска, заштитни браници и багажник назад. Во последно време се појавуваат трекинг велосипеди кои бараат минимално одржување на погонот, со преносни механизми и карбонски ремен, место класичен менувач и синџир.

Градски велосипед

winora-radar

Градскиот велосипед треба да е комфорен и да не бара многу одржување. Обично се седи исправено, а ниската рамка овозможува лесно качување и симнување. Комфорот е најважен, затоа често се вградува преден амортизер или држач на седиштето со пружина. За низ град се доволни три до осум степени на пренос. Тоа што менувачот е во оската овозможува синџирот да биде покриен, односно пантолоните не се валкаат.

Од „градската“ опрема се потребни светла со динамо во оска и мачкини очи, како и цврст багажник, најдобро заедно со корпа. Велосипедите со ретро-стил ја држат популарноста. Цените на овој вид велосипеди се движат меѓу 600 и 700 евра.

Преклоплив велосипед

birdy

Ова е паметен избор, затоа што може да се комбинираат различни видови превоз. Кога е преклопен, велосипедот се внесува во автобус како личен багаж и се остава склопен дома или покрај работното биро, без да одзема простор. Познат класичар во оваа категорија е Brompton, со цени кои почнуваат од 1.300 евра. Постојат и поскапи верзии со амортизација, каков што е Riese & Müller Birdy (од 2.200 Euro). Со тркала од 18 инчи и багажник напред и назад, Birdy може да се користи и за патување.

Крос велосипед

strada

cannondlale

Кога е убаво времето, спортските крос-велосипеди се одличен избор. Со нив се ужива и по терен, но за секојдневието недостигаат браници и светла. Предностите се во пониската тежина и подвижноста. Постојат најразлични комбинации на елементи од тркачки и планински велосипед, почнувајќи од „спид-бајк“ со рамен волан и тенки гуми, до теренски крос кој има дебели профилирани гуми и преден амортизер (Cannondale Quick CX, цена околу 3.000 евра).

(Комфорен) тркачки велосипед

colmaro-race-ultegra

Со слична опрема, но со тркачки волан како главна разлика, комфорниот тркачки велосипед е наменет за секојдневно користење за пасионираните брзински велосипедисти. Гумите се пошироки, меѓуоскиното растојание е подолго и седењето е повеќе исправено во споредба со класичните тркачки велосипеди.

Овие велосипеди се нарекуваат и „ендуранс“. Типичен претставник е Koga Colmaro Race Ultegra (2.300 евра), со комфорно седиште и меко обложен волан. За секојдневието е потребно барем батериско или акумулаторско светло, но најдобро решение се диодни светла со динамо на оската. На повеќето модели може да се постават и браници.

Товарен велосипед

packster

Избор на фамилијарните типови. Се нудат најразновидни конструкции и додатоци, со што товарните велосипеди прераснуваат во добра замена за автомобилот при возење низ град. Популарна конструкција е „Long John“, со товарен простор меѓу воланот и предното тркало, во три различни големини.

Во комбинација со електромотор од Bosch, ниту нагорнините со тежок товар не претставуваат проблем. За превоз на деца се нудат двојно детско седиште или рамка за монтажа на детско седиште за автомобил.

Лежечки велосипед

an

Комфорната положба и добрата аеродинамичност се главните аргументи на љубителите на лежечките велосипеди. Постојат и изведби со електромотор, за уште поголемо уживање во возењето. Поради тоа што за исто растојание се троши помалку енергија од акумулаторот, лежечките велосипеди со електрична подршка се избор на тие што возат подолго растојание до работа. Од цените на некои модели снемува здив. HP-Velotechnik Scorpion fs 26 S-Pedelec чини 8.990 евра. Со подршка од електромотор може да се вози со брзини до 45 километри на час.

Планински велосипед

haibike-greed-hardnine

Планинските велосипедисти им се толку верни на своите робусни велосипеди, што ги приспособуваат за секојдневието, вградувајќи им светло, браници и багажник. Вистинските, пуристички и нови модели на планински велосипеди, како Haibike Greed HardNine (од 1.399 евра), ги избираат велосипедистите на коишто возењето низ шума им е поважно од возењето до работа. Применливоста во секојдневието им е ограничена, поради слабата опременост. Но, и тоа се решава, со компактни и лесни браници и со акумулаторско светло

Тандем

vt-tandem

Кога тимската работа се цени на работното место, но се почитува и како животно мото, тогаш тандемите се вистинскиот избор. Кога се дели истиот пат до работа, зошто да не се подели и превозот. Цените за Velotraum Tandem почнуваат од 3.390 евра.

Електрични велосипеди

stevens bikes e-triton

Сите наведени видови велосипеди денес може да се добијат во верзија со електричен погон. Е-бајк веќе со години е главниот мотор на велосипедската сцена. Тие се одлични за патување до работа, затоа што времето се минува на свеж воздух, а притоа не мора со сета сила да се притискаат педалите. На работното место се пристига со широка насмевка.

streamer-s-pedelec

Постојат обични електрични велосипеди коишто го потпомагаат „педалирањето“ до 25 km/h. Втората верзија се таканаречените S-Bike, коишто постигнуваат 45 km/h и соодветно на тоа мора да се почитуваат неколку законски обврски. Stevens E-Triton 45 чини 3.999 евра.

Подготовка на велосипедот за новата сезона во десет чекори

За десет години секој втор велосипед ќе биде електричен

Амстердам им дава предимство на велосипедистите и пешаците

На Aston Martin му личи да биде и велосипед

Тркачки велосипеди со широки гуми се новиот тренд на две тркала

Десет причини, зошто велосипедот е подобар од автомобилот


Like it? Share with your friends!

137
20 shares, 137 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730