154
39 shares, 154 points

„Мерцедесот“ меѓу електричните автомобили од кинеска продукција прави уште еден чекор понапред. Со новата батерија и неколку зафати во конструкцијата на возилото, Denza 400 станува Denza 500. Новата бројка се однесува на досегот што големиот ван од 4,7 метри може да го постигне со едно полнење.

Електричниот автомобил Denza 500, кој произлегува од соработката меѓу Daimler и кинескиот производител BYD доби освежен изглед и поголем досег во новото моделско годиште. Компактната комбилимузина со погон на струја се произведува веќе неколку години во заедничката компанија на двата партнера, со целосно име Shenzhen Denza New Energy Automotive Co, Ltd. Моделот се продава само на кинескиот пазар.

Denza 500 го комбинира инженерингот на Daimler со батериската техника со којашто располага BYD

Нова батерија од 70 киловатчасови и заштеда од неколку килограми на повеќе места во возилото овозможија досегот да се зголеми на 500 километри. Во дизајнот на Denza 500 се највпечатливи предните светла со поглед на дива мачка, притоа користејќи диодна техника. Задните светла имат препознатлива ребреста графика, и секако, диодни се како што е ред кај еден електричен автомобил.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Denza 500 5

Дизајнот е невообичаен за европската авто-естетика. Иако изгледа како компактна комбилимузина, Denza е всушност голем ван од 4,7 метри

[/tie_slide]

[tie_slide]

Denza 500 3

Инженерингот потекнува од Daimler, батериската техника е работа на BYD

[/tie_slide]

[tie_slide]

Denza 500 2

Богата опрема и многу „гаџети“ се слабост на кинеските возачи

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

За корисниците на електричниот автомобил е развиена посебна апликација, преку којашто може да се лоцира најблискиот од вкупно 112.000 полначи за струја во Кина. Истото може да се стори и преку сериски вградената навигација, како и преку корисничката сметка на We Chat.

При константна брзина од 60 km/h е постигнат досег од 635 километри

Компанијата лани ја имаше најуспешната година. Продажбата порасна за 85 проценти, што во најголем дел се должи на пазарниот успех на Denza 400. Во исто време беше проширена продажбата и сервисната мрежа, во којашто сега се опфатени и партнерите на Mercedes.

Shenzhen DENZA New Energy Automotive Co., Ltd. или кусо DENZA Auto е заедничка компанија на рамноправните партнери Daimler Greater China Ltd. и BYD Automotive Industry Co., Ltd. Фирмата е основана во 2011 како прва германско-кинеска заедничка компанија за електрични возила. Daimler ја користи Denza како еден од главните столбови во електрификацијата на возниот парк во Кина.

Основната моделска изведба Denza 500 Lifestyle чини 298.000 јени, односно околу 38.000 евра, вклучувајќи ги сите државни субвенции. За семеен ван со каросерија долга 4,65 метри, багажник од 470 литри и исклучително богата опрема, вклучувајќи кожени седишта или озвучување од Harman уште во основното ниво, тоа е чесна понуда.

Daimler го електризира кинескиот пазар со Denza 400

Daimler ќе ја освојува Кина со електричниот автомобил Denza

Кина е светски шампион во електричните автомобили

Шангај 2017: Напредокот кај автомобилите се одвива во Кина


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
39 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *