143
19 shares, 143 points

Спојка, алтернатор, брегасто вратило, инјектори за гориво. Сите имаат слушнато за овие зборови. Но, дали навистина знаете како тие изгледаат и како работат?

Под хаубата на автомобилот се крие свет од интересни уреди и делови, изработени од челик, алуминиум и други материјали, кои инженерите ги усовршуваат повеќе од еден век. Современите електронски системи овозможуваат денешните возила да поседувваат својства кои не биле достапни пред една или повеќе децении. Но, техничката основа на моторите со внатрешно согорување не е сменета многу. Моторите уште ги имаат истите компоненти, иако тие стануваа сé поефикасни и пософистицирани со текот на годините. Секој автомобилски ентузијаст ги знае имињата на деловите, но ретко има можност да ги погледне и да се присети на нивната функција.

SKODA-Autobild-car-parts-1920x1280 (1)

Skoda Fabia неодамна го комплетираше супертестот на 100.000 километри на германскиот магазин Auto Bild. Независни експерти по маратонот ги расклопуваат возилата до најситниот дел и оценуваат, како и дали воопшто, стоте илјади километри влијаеле врз техниката на возилото. Чешката марка ни ја нуди оваа единствена можност да ги погледнеме деловите по супертестот. Секако дека тестираната Skoda Fabia Combi 1.2 TSI со менувач DSG го мина тестирањето беспрекорно.

Компресор за клима уред

air-conditioning-compresor.JPG-1920x1280 (1)

Без компресор, клима уредот во автомобилот нема да работи. Црниот ременик доаѓа во допир со V-ременот и преку електромагнетска спопјка предизвикува ротација на компресорот. При работата на компресорот се збива разладното средство, коешто повторно се шири по термо-експанзискиот вентил и го лади воздухот.

Механизам на педали

pedal-assembly.JPG-1920x1280 (1)

Важно е механизмот на педалите добро да се прицврсти на каросериската рамка, поради што во него се наоѓаат отвори за масивни завртки. Бидејќи расклопената Fabia 1.2 TSI по супертестот на Auto Bild поседува менувач со двојна спојка, модулот се состои од само две педали – педал за гас и педал за сопирање.

Погонски полуоски

drive-half-shafts.JPG-1920x1280 (1)

Погонските полуоски го пренесуваат вртежниот момент од диференцијалот до погонските тркала, во овој случај до предните тркала. Бидејќи менувачот и диференцијалот се вградени покрај моорот и не се наоѓаат точно во средината на возилото, секоја погонска полуоска има различна должина.

Предна половина од издувна цевка со компензатор и катализатор

front-part-exhaust-pipe-compensator.JPG-1920x1280 (1)

Првиот дел од издувот започнува кај турбополначот и продолжува по подот на возилото приближно до подрачјето во коешто се наоѓа рачката на менувачот. Тој содржи два важни дела. Првиот дел е компензаторот – тоа е флексибилниот дел што изгледа како гасеница и има задача да ги придушува вибрациите и издувните гасови. Вториот дел е каталитичкиот конвертер, кој е мошне важен и има задача да ги разложува штетните материи во издувните гасови.

Мотор за бришачите

wiper-motor.JPG-1920x1280 (1)

Предните бришачи добиваат погон од електромотор. На сликата, тоа е црниот цилиндар во средината. Моторот користи систем од лостови за да ги движи двата бришача. Конктрукцијата е едноставна, но е уште поважно тоа што е издржлива.

Амортизери

shock-absorbers.JPG-1920x1280 (1)

Тоа е нераздвоен пар кај секој автомобил, што се состои од амортизер и спирална пружина. Во секојдневието многу почесто ги гледаме спиралните пружини, кои се наѕираат зад тркалата. Амортизерите, всушност, имаат задача да го спречат осцилирањето на каросеријата, коешто го предизвикуваат пружините по минувањето преку нерамнини – пример за тоа што се случува кога амортизерите се премногу „меки“ се американските крстосувачи од 1960-те и 1970-те години.

Воздушна перница за возач

driver-airbag.JPG-1920x1280 (1)

Средината на воланот не служи само за свирење и за поставување на логото на Skoda директно пред очи. Зад неа се наоѓа модулит на воздушната перница за возачот. Тоа е релативно мал дел, но спасува илјадници животи секоја година. Во кабината на Skoda Fabia се вградуваат шест воздушни перници.

Објавите со претходните две групи делови:

Можете да ги препознаете овие делови?

Можете да ги препознаете овие делови? (Втор дел)


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743