134
18 shares, 134 points

Од статистиката на автоклубот АДАК, чијашто служба за помош на пат лани била повикана близу 4 милиони пати, причината за дефект кај возилата најчесто е акумулаторот. Сосем очекувано, веднаш потоа следи електрониката на моторот.

Податоците што пристигаат од работата на службата за помош на пат на германскиот АДАК, најголем автоклуб во Европа, секогаш даваат основа за вредни статистики и заклучоци. Мобилната служба за помош со 1.750 возила во земјата, лани била повикана да интервенира 3.756.226 пати. Тоа е во просек повеќе од 10.000 пати на ден.

Како и досега, најчеста причина за дефект и за повикување на службата за помош биле акумулаторите. Тие учествуваат со 41,8% во вкупниот број дефекти. Честопати се јавуваат проблеми и во контролната електроника на моторот – нивниот удел изнесува 17,4 проценти. Една четвртина од вкупниот број дефекти отпаѓа на проблеми со каросеријата, сопирачките, подвозјето, стартерот или светлата.

Возачите не се навикнати да ги користат сетовите за поправка, ги повикуваат службите на автоклубот

АДАК бележи зголемен број на дефект на гуми, кои првпат надминуваат учество од 7 проценти. Постои и објаснување за тоа. Производителите масовно вградуваат комплети за поправка на гумите во новите автомобили, во замена за нормално резервно или помошно тркало. Тоа е причина за возачите во случај на дефект на гума да ја повикаат службата за помош на пат на АДАК, место да ја сменат гумата, што беше практика порано.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на акумулаторот, статистиката на клубот покажува дека дефект кај него најчесто се јавува меѓу петтата и седмата година по вградувањето. Значително е поголем бројот на дефектен акумулатор кај возилата што се постари од 11 години, што може да се објасни и со фактот дека со стареењето на возилото се вложува помалку и во неговото одржување, па изборот на акумулатор станува неважен. Но, зачестуваат проблемите и кај помладите возила. Големиот број електрични потрошувачи и слабата контрола на полнењето брзо го остава акумулаторот без напон.

дефекти автомобили АДАК 20
дефекти автомобили АДАК 20

Појаснување за групите на дефекти

Електрика: Алтернатор, стартер, кабли

Клима: Греење, ладење

Мотор: Електроника, впрскување, палење, сензори

Издувен систем: Издув, филтер за честички, катализатор

Друго: Каросерија, управување, сопирачки, подвозје, погон

Погледнете ја и објавата од лани >> Статистика на дефекти на АДАК: Акумулатор, па напојување со гориво

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
18 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *