153
94 shares, 153 points

Голем јубилеј за еден од најдостапните видови на опрема за кампување. Данската фирма Camplet ја одбележува 50 годишнината со два нови модели на шаторска приколка. Многумина ќе се присетат на приколките на Брако.

Данскиот производител на шатор-приколки Camplet одбележува половина век постоење. По тој повод се претставени два нови модели, Passion со место за 4 лица и Dream за шест лица. Цените се соодветно 5.890 евра, односно 6.690 евра. Тоа сé уште нема да овозможи секој да го оствари сонот за кампување, но во секој случај е двапати пониска цена во споредба со класичните камп-приколки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кај новите модели е усовршен механизмот за преклопување, кој е полесен за ракување и овозможува подобро просторно чувство. На тоа се надоврзуваат добра вентилација и прегради за чување.

Околу името Camplet останува загатка само вториот дел. „Lete дански збор за лесно, па оттаму Camplet значи лесно кампување

Меѓу предностите на овие шатори што се склопени во компактна приколка секако дека спаѓа брзото поставување и собирање. Данците самостојно ги произведуваат сите делови на приколките, вклучувајќи ги и деловите од фибреглас.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Авантуристите Мелани Хајтман и Штефан Кралингер веќе три години патуваат низ светот со приколка од Camplet. Тоа е тежок тест за приколката, но таа досега се покажува одлично. Светските патници во меѓувреме посетија 46 држави и ја поставиле шатор-приколката повеќе од 500 пати. Мештаните се потпишуваат на приколката, којашто ќе се продаде за хуманитарски цели по завршувањето на светската мисија.

Во Македонија своевремено се произведуваа сличен вид шатор-приколки, кај тогашен Брако од Велес.

Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот

Шатор на покрив е добра идеја за викенд одмор

Приколка за кампување што се претвора во јахта

Кинезите бараат и приколки за кампување


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
94 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *