за

Daimler ќе продава водородни генератори на струја

Daimler ќе продава водородни генератори на струја
Daimler ќе продава водородни генератори на струја

Системите за водороден погон што Daimler ги развива заедно со Volvo Group за примена во тешки камиони, во иднина ќе се испорачуваат и за Rolls-Royce plc, кој истите ќе ги користи во своите станици за резервно напојување на компјутерски центри, кадешто не смее да се создава емисија на СО2.

Камионскиот огранок на Daimler и специјалистот за погонски системи Rolls-Royce (различна компанија од производителот на автомобили) заеднички ќе развиваат и произведуваат системи за резервно напојување, за подрачја каде што не смее да се ослободува СО2. Пример за таква примена се резервните напојувања на големите компјутерски центри. Водородниот погон овозможува овие генератори на струја да работат буквално среде канцелариски простори, за разлика од дизел-генераторите, кои имаат висока количина на штетна емисија.

Daimler Truck во април потпиша сличен договор со групацијата Volvo, за системи со водороден погон, што ќе се користат во тешки камиони и други подрачја. Овие системи понатаму ќе се вградуваат во генераторите за струја што ќе ги продава Rolls-Royce, преку својата специјализирана марка MTU. Германскиот концерн и британската компанија, што е најмногу позната како производител на авионски мотори, почнаа да соработуваат уште пред крајот на минатата година.

Водородниот погон ќе се развива паралелно со електричниот; Соработки од ваков вид ќе ја зголемат довербата на јавноста кон новата технологија и воедно ќе овозможат намалување на цената на производство

Погонот на водород, во најразличните подрачја на примена, во случајов од стационарни генератори за струја до погонски системи во тешки камиони, во иднина ќе се развива паралелно со електричниот погон. Клучна компонента на водородниот погон е т.н. мембрана за размена на протони. Кога водородот ќе дојде во допир со мембраната, таа ги пропушта само протоните од водородниот атом, додека електроните остануваат нестабилни од другата страна на мембраната. Поради таа нестабилност, електроните се движат околу мембраната, во правец на електродата. Ова движење на електроните практично е електрична струја. Таа понатаму се користи за напојување на електромоторот. Единствена емисија е мала количина на водена пареа.

Daimler две децении работи на развој на технологијата со горивни келии, односно на водородниот погон, со наменски центар во Наберн/Германија и производство/развој во Канада.

Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota на водород

Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota Mirai на водород

https://www.instagram.com/p/B_7tTTnAeQM/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

autri e-tron 50 quattro

Audi e-tron е новиот електро-крал на Норвешка

Електричниот СУВ на Škoda треба само уште да ја симне маската