146
19 shares, 146 points

Непреченото снабдување на трговската мрежа добива суштинско значење во кризата околу корона. Мрежа од 3.000 сервисни работилници за камионите на Daimler продолжува да работи, транспортот не смее да мирува.

Огранокот за товарни возила на Mercedes-Benz, Fuso и автобуските марки на Daimler се грижат нивните клиенти да ги добијат резервните делови и возилата да се одржуваат во возна состојба. Станува збор за мрежа од 3.000 сервисни работилници ширум Европа, кои мора да останат отворени и целосно подготвени во актуелната ситуација, доколку тоа го дозволуваат законите во одделните земји.

Камионите и автобусите добиваат посебно значење во кризата околу корона. Токму во вакви моменти е важно товарните возила да стојат на располагање за транспорт и логистика, заради снабдување, но секако и заради собирање на отпадот. За таа цел, менаџерите на Daimler развија посебна стратегија што ќе овозможи мрежата да одговори на предизвиците.

Големиот производител воедно објавува дека ги има преземено сите неопходни мерки за клиентите и вработените да бидат добро заштитени во сервисните работилниц, кои продолжуваат со работа.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
19 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *