139
19 shares, 139 points

Продажбата на Mercedes забележа мал пад од 17 проценти во споредба со останатите автомобилски марки, а концернот Daimler постигна и профит во драстично сменетите услови, поради кризата од пандемијата. Вкупно 650.000 возила за три месеци.

Кризата од корона-вирусот силно ги погоди производителите на автомобили, но некои од нив останаа повеќе имуни. Концернот Daimler, меѓу другото производител на Mercedes, успеа да ја задржи профитабилноста во првото тромесечје, но очекува кризата да удри уште посилно во вториот квартал.

Шефот Ола Келениус, наследник на Дитер Цече, ги скусува инвестициите и трошоците за развој и истражување, но без зафаќање во подрачјата што се однесуваат на електричниот погон и дигитализацијата. „Овие клучни технологии за иднината остануваат незаменливи,“ кажува шефот во Штутгарт.

Daimler во првиот квартал продаде 644.300 автомобили и товарни возила, односно 17 проценти помалку од истиот период лани. Прометот опадна незначително, поради тоа што Mercedes продаде повеќе возила од најскапите сегменти – вкупно 37,2 милијарди евра или за околу шест проценти помалку.

Марките со големи автомобили од една страна се погодени од тоа што ЕУ бара уште почисти возила, од друга страна се случи пандемијата

Келениус ја воведе програмата за штедење и поефикасно работење уште во минатата есен и истата требаше да вроди со плод приближно во овој период. Се скусуваа трошоците, се укинаа неколку модели што повеќе не беа исплатливи, се смалија инвестициите. Целта беше да се зголеми профитабилноста и во исто време да се одговори на предизвикот на ЕУ, да се продаваат повеќе електрични автомобили, поради строгите лимити на СО2.

Но, годинава се случи корона. Како и целата бранша, целиот свет впрочем, продукцијата во фабриките на Daimler беше запрена, а вработените беа испратени на принуден одмор. Продажните салони не работеа. Во меѓувреме, лентите се пуштени повторно, но е голема неизвеноста како ќе реагира пазарот и како ќе се враќа продажбата на автомобили.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *