за

Daimler ќе профитира дополнително од мобилната телефонија

Покрај тоа што е активен со платформата за изнајмување возила на улица Carsharing, производителот на Mercedes планира да заработува и како понудувач на мобилни услуги.

Daimler ќе се етаблира како посредувач на услуги на мобилна телефонија и очекува да постигне голем промет во новото деловно подрачје. Кога производителите од овој ранг говорат за голем промет, тоа значи над една милијарда евра. Во 2008 година Daimler ја пушти во примена иновативната платформа за изнајмување возила на улица Car2go, која функционира одлично на глобално ниво и носи дополнителен приход во фирмата.

Во блиска иднина Daimler ќе навлезе и во други бранши што се новитет за неговиот делокруг на работење. Апликацијата за паметни телефони moovel, на пример, ги прикажува во реално време сите алтернативни средства за превоз што стојат на располагање за патување до одредено место и дополнително овозможува букирање за патувањето. Покрај Car2go, во алтернативите на транспортната мрежа се опфатени и такси компаниите, сервисите за споделување на возило, наоѓање слободно паркиралиште – самостојно од Daimler или во соработка со партнерите.

Од ова посредување на услугите Daimler ќе наплаќа соодветна провизија. До крајот на следната година, новото деловно подрачје со име Mobility Services ќе постигне промет од преку 100 милиони евра. Три четвртини од оваа сума доаѓаат од платформата Car2go.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai со погон на водород ќе вози низ Лондон

Opel Insignia за авантуристички типови