за

Daimler се откажа од акциите во електро-специјалистот Tesla

Акциите купени за 50 милиони евра во 2009 година, Daimler денес ги продаде за 780 милиони долари

Експертите ја оценија денешната продажба на акциите на Daimler во калифорнискиот електро-пионер Tesla како последица од ривалството меѓу двата производитела во сегментот на електричниот погон.

Германскиот Daimler во 2009 година влезе во специјалистот за погон на струја Tesla со цел да си обезбеди пристап до напредната технологија на погон на струја. Калифорнискиот производител моментно го снабдува Daimler со погонска технологија за два модела со погон на струја, за класата B на Mercedes и за Smart ForTwo. Во соопштението од Daimler се наведува дека соработката со Tesla продолжува и дека учеството во акциите не било неопходно за партнерството со фирмата од Калифорнија. Од Tesla досега не коментираат.

Аналитичарите сепак оценуваат дека причина за продажбата на акциите е појавувањето на ривалство меѓу двата партнера во растечкиот пазар на автомобили на струја. Во мај 2009 година Daimler откупи удел од 9,1 проценти во акциите на Tesla за 50 милиони долари. Како што се зголемуваше капиталот на американската фирма, уделот на Daimler опаѓаше постојано, за конечно да заврши на 4 проценти.

Во јуни, Tesla соопшти дека ќе им овозможи пристап до својата технологија и на конкурентските компании на Daimler, во интерес на зголемување на инвестициите во технологијата на погонот на струја. Оттогаш Германците почнаа да го губат интересот за Tesla. Во САД постојано расте продажбата на еколошки автомобили од премиум сегментот. Во минатата година Tesla Model S се продаде во повеќе примероци од претходната генерација на класата S на Mercedes.

Продажбата на акциите ќе му донесе 780 милиони долари на Daimler, што претставува астрономска заработка ако се има во предвид дека Германците пред пет години ги откупија акциите во Tesla за 50 милиони долари. Toyota исто така има удел во Tesla Motors во висина од 2,4 проценти од акциите, но повеќе не набавува технологија од Американците, туку се ориентира на погонот со водород. Соработката меѓу двете компании почна да слабее откако заеднички развиениот RAV4 со погон на струја не успеа да се пробие на пазарот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes наскоро ќе ја преземе MV Agusta?

Украдени возила во милионска вредност запленети во Британија