за

Daimler и BMW не сакаат да произведуваат автомобили за Apple

Според германските медиуми, двата големи концерна одбиле да соработуваат со Apple во производството на автомобилот на американскиот гигант. Возилото не е проблем, туку податоците.

Двете најголеми гордости на германската автоиндустрија, концерните Daimler и BMW, одбиваат да соработуваат со Apple во производството на автомобилот за американската фирма. Така пишуваат германските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори од браншата. Соработката наидува на неколку пречки, особено околу тоа кој ќе раководи со проектот. Покрај тоа, партнерите не можат да се спогодат и околу располагањето со податоците што ќе се добиваат од самите возила. Разлики во ставовите се јавуваат и околу iCloud, кој очигледно ќе има важна улога во проектот околу iCar.

Преговорите со BMW завршиле уште во минатата година, додека барањето за воспоставување соработка со Daimler е од поскорешен датум. Apple моментно преговара со канадско-австриската компанија Magna, чиишто погони во Австрија се користат за договорна монтажа на автомобили со повеќе производители. Можно е идниот iCar да се произведува во Грац, иако според „Вол Стрит Журнал“, на Apple не му се брза премногу, затоа што продажбата на автомобилот би стартувала дури во 2020 година.

Претходно се појавија шпекулации дека Apple веќе подолго време има ангажирано тим што работи на проектот iCar во Берлин. Овој тим наводно се состои од 15 до 20 млади експерти, кои размислуваат прогресивно и не добиле можност за реализација на нивните идеи кај претходните работодавци во автомобилската бранша. Покрај инженери, тимот го сочинуваат уште софтверски експерти и врвни маркетиншки стратези.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Први тестови според новиот Euro NCAP: Безбедно и за пешаците

Зошто овој Ford вози во апсолутен мрак низ пустината?