167
21 shares, 167 points

Никој друг производител не заработува колку двата големи автомобилски концерни во Штутгарт и Минхен. Од секој продаден автомобил, Daimler и BMW заработиле по околу 10 проценти во третиот квартал од годинава. Наспроти тоа, силниот јен ги попречува јапонските производители да постигнат поголема заработка.

Германските автомобилски концерни се наоѓаат во светскиот врв и во поглед на профитабилноста. Со оперативна маржа од 10,5 проценти, односно 10,2 проценти, Daimler и BMW се најпрофитабилни производители на автомобили во третиот квартал од годинава, со голема предност во однос на конкурентите. За споредба, заработката на Volkswagen од 6,4 проценти е во просекот на браншата.

Заработката на Daimler и BMW е импресивна и во апсолутните бројки. Првото место во овој поглед и натаму ѝ припаѓа на Toyota, која што и покрај 43-процентниот пад во заработката касирала 4,2 милијарди евра во третиот квартал. Но, Daimler е веднаш зад стапките на Јапонците, со четири милијарди евра, трет е Volkswagen со 3,3 милијарди евра, додека BMW е на петтото место со 2,4 милијарди евра.

Ослабнатата европска и јапонска валута е предност на извозните пазари

Јапонските концерни се соочуваат со проблеми од силниот јен, што предизвика пад во прометот на Toyota и на Honda за десетина проценти, додека заработката им се намали за околу една третина. Вредноста на јенот во третиот квартал е за 19 проценти повисока во однос на доларот и јенот во споредба со истиот период лани. Тоа ги поскапе јапонските автомобили на извозните пазари, а воедно предизвика и намалување на заработката стекната во странска валута при конверзијата во јени.

bmw-serija-1-limuzina-1
BMW годинава постигнал 22% од својата глобална продажба на кинескиот пазар, Volkswagen дури 40 проценти, додека Daimler има 19 проценти. Лимузината од серијата 1 на BMW се произведува во Кина

Во последниот квартал од годинава повторно се менуваат условите. По претседателските избори во САД, вредноста на еврото и јенот опадна значајно, што е добро за прометот и за добивката на европските и јапонските производители, додека Американците ќе мора да се соочат со негативните ефекти на силниот долар при извозот на нивните возила.

Во третиот квартал Toyota има постигнато најголема продажба на патнички автомобили во светот, пред General Motors и Volkswagen

Тоа значи дека Европа и Јапонија ќе профитираат дополнително со продажбата на автомобили на најголемиот пазар во светот, Кина, наспроти САД, чиишто автомобили стануваат прескапи. Германските концерни во третиот квартал ја зголемија продажбата во Кина за 19 проценти.

Toyota продаде најмногу патнички автомобили во третиот квартал, 2,54 милиони возила (+2%), втор е General Motors со 2,42 милиони возила (+4,0%), трет е Volkswagen со 2,30 милиони (+4,0%).


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *