за

Немири во фабриките на некогашниот Daewoo во Јужна Кореја

daewoo немири фабрика

Стотина вработени го искажаа својот бес кон работодавците, кршејќи го мебелот во управната зграда на General Motors во Јужна Кореја. Работниците во фабриките од коишто пристигаа Chevrolet Captiva, Cruze, а претходно Daewoo Matiz или легендарниот Tico, протестираат поради тоа што менаџментот одби да им ги исплати бонусите. Компанијата најави судска постапка против протестантите.

Тензијата меѓу работниците и директорите постои веќе подолго време. Менаџерите планираат да спроведат темелна реорганизација во јужнокорејскиот огранок на General Motors, со којашто ќе се стават под контрола огромните загуби во работењето на компанијата. Работничките синдикати не се сложуваат и бараат заминување на раководството.

Како дел од американскиот концерн General Motors, фабриките на некогашниот Daewoo Motors вработуваат 16.500 лица. Концернот во почетокот на годинава се закани дека ќе си замине од земјата. Во март, корејската компанија најави дека ќе започне стечајна постапка, доколку работничките синдикати не се сложат со плановите за реорганизација.

Renault Samsung има нов електричен модел за Јужна Кореја

Јужна Кореја ги казнува BMW, Daimler и Porsche

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

прво електрично противпожарно возило линц австрија

Во Австрија вози првото противпожарно возило на струја во светот

volkswagen sediste

Volkswagen ја раскина соработката со босанскиот добавувач