179
23 shares, 179 points

Сообраќајната полиција во германската покраина Баден-Виртемберг со 20 автомобили гонела возач на Dacia по неколку делници од автопатот во близина на Хокенхајм. Комбито Logan MPV завршило на покрив, возачот давал отпор при приведувањето.

По неколку делници од мрежата автопатишта во германската покраина Баден-Виртемберг се случувала вистинска филмска потера по 34-годишен возач на Dacia Logan MPV со швајцарски таблици. Како што објавува магазинот Ауто Билд, во потерата учествувале 20 полициски автомобили. Возачот воопшто и не поседувал возачка дозвола. Целата бркотница започнала откако возачот на Dacia се судрил со друг автомобил, по автопатот А5 во близина на Брухзал. По незгодата, тој едноставно продолжил да вози.

Прекршителот на реагирал ниту на сигналите од полицискиот автомобил, откако возењето продолжило по делницата А8. Користејќи ја празната помошна лента, Dacia прво удрила во ознаките за пренасочување и ги катапултирала кеглите на патот кон возило со камп-приколка на соседната лента. Дивиот возач продолжил по помошната лента, на места со брзина и до 180 километри на час. Потоа тој ја изгубил контролата врз возилото на клучка по автопатот А6, по што автомобилот завршил на покрив. Возачот излегол со лесни повреди, а потоа давал и отпор при приведувањето. Материјалната штета се цени на повеќе од 10.000 евра.

Возачот моментно се наоѓа под психијатриски надзор, максималната казна што може да ја изрече судот е затвор во времетраење до пет години.

Најчести изговори пред австриските полицајци при немање вињета

Германска полиција ќе брка криминалци со Ford S-Max

Tesla вози во служба на швајцарската полиција

Mitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

179
23 shares, 179 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *