171
27 shares, 171 points

Најдостапната автомобилска марка за британските возачи, соопшти дека во изминатите пет години, на државата ѝ има заштедено 1,5 милијарда фунти. До оваа сензационална бројка се доаѓа кога ќе се пресмета разликата меѓу просечната цена на сите возила на Dacia што биле продадени во земјата во изминатите пет години и просечната цена на возилата од сите марки во истиот период.

Просекот кај вториве изнесува 13.100 фунти, додека просечната цена на сите продадени „дачии“ не се соопштува. Нема да биде изненадување ако таа биде многу поблиску до просечно опремен Duster, отколку до основната верзија на Sandero, којашто во Британија чини 6.995 фунти или околу 7.990 евра.

Dacia ќе подели бесплатни пици „Sander-dough“ кои вкупно вредат исто колку просечен автомобил

Британците се разликуваат од нас континенталците и во обраќањето кон публиката. За одбележување на сензационалната заштеда, Dacia ќе додели 1.000 купони за бесплатна пица во вредност од 10 фунти. Во текот на една седмица, народот бесплатно ќе изеде пица во вредност од 13.100 фунти. Тоа е точно колку просечната цена на продадените автомобили во земјата. Секако дека симболиката не е случајна. И пицата е специјална, Sander-dough” потсеќа на Sandero.

Романската марка, или ако тоа звучи подобро, евтината марка на Renault, неодамна доби уште еден добар аргумент за продажба. Специјализирана компанија коајшто се бави со трошоците околу автомобилите, пресмета дека Duster, Sandero и Logan MCV се моделите што на сопстениците им создаваат најмалку трошоци по извозен километар. Во трошоците се вклучени и сервисирањето, горивото, амортизацијата, осигурувањето, регистрацијата … сé што чини еден автомобил.

Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила

Dacia Logan MCV во улога на теренец

Комбито на Dacia добива изведба Stepway


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
27 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *