108
71 shares, 108 points

Изглед на кросовер, опрема што ќе ги разгали и најпребирливите и цена на Dacia. Романската марка ги подбуцнува ценовно свесните возачи со специјална серија од комби-изведбата Logan MCV Stepway. Зголемениот клиренс отвора нови патишта за оваа евтина и практична алтернатива во бранот малечки кросовери.

Романската марка на Renault деновиве започнува со испорака на специјалната серија од комби изведбата на Logan на европскиот пазар, на моделот чиешто целосно име гласи Logan MCV Stepway Explorer. Можеби е мало изненадување тоа што овој модел веќе извесно време фигурира и во македонскиот ценовник на Dacia, но под името Freedom, место Explorer. Познавачите ќе типуваат на овој „таен“ модел на Dacia. Се спомнува и верзија со погон на автогас.

Dacia Logan MCV Stepway во функционалноста ги декласира трендовските кросовери

Тоа што прави Freedom да биде интересен, секако е цената, како еден од најсилните адути на Dacia, но и целосниот „пакет“. Наспроти бранот малечки кросовери, романското комби со примеси на кросовер повеќе се ориентира на разумот и на практичноста, не напуштајќи ги основните начела на марката. По цена од 12.500 евра за верзијата со бензински мотор што се вградува и во актуелните модели на Renault и Nissan, следува уште еден модел од успешната серија Stepway, со „кросоверски“ стил на предниот и задниот браник, пластични проширувања на крилата и заштитни прагови, но и ставки што се мала сензација во оваа ценовна класа: Мултимедиски систем со дисплеј на допир од 7 инчи, навигација со детално обработени карти за регионот, мануелен клима уред и бандажи од 16 инчи.

Dacia Logan MCV Freedom 00001

Кросовер изведбата Stepway беше вклучена во неодамнешното освежување на моделската гама на Logan и Sandero, со маска со изглед на саќе и со препознатливиот дизајн на светлата, коишто се сочинети од три посебни сегменти за трепкачите, за соборено и за долго светло, со поле со четири светлечки диоди отстрана, за дневните светла.

Make the most of your family outings with the Dacia Logan MCV Stepway, a modern, spacious and affordable estate car with a taste for adventure! :)//Profitez pleinement de vos escapades en famille avec Dacia Logan MCV Stepway ! Un break moderne, spacieux et abordable, à l’esprit baroudeur ! 🙂

Posted by Dacia on Wednesday, April 12, 2017

По неодамнешното освежување, Logan MCV Stepway не остава впечаток на „евтин“ автомобил

Заштитен белег на Freedom се црните додатоци во браниците во стил на теренец, како и облогите под браниците коишто само визуелно се во функција на заштита на подвозјето. Педантните љубители на марката ќе забележат и дека рамките на магленките се изведени во мат-хром. Проширувања на крилата и прагови од црна пластика, куќишта на ретровизорите со финиш на титан и хромирани елементи во саќестата маска ја комплетираат појавата на Logan MCV Stepway Freedom, заедно со бандажи од 16 инчи финиширани во сјајна антрацит боја и со гуми 205/55.

Dacia Logan MCV Freedom 00003

Најважното сепак е зголемениот клиренс на Stepway. Со дополнителните 4,6 сантиметри наспроти стандардната изведба на MCV, комбито е подигнато 17,4 сантиметри над подлогата. Повеќето кросовери ја немаат оваа „слобода“.

Француските колеги асистираа за колоритните акценти во внатрешноста

Неколку стилски додатоци во кокпитот се неизбежни. Средишната конзола и отворите за проветрување имаат рамка во бакарно-портокалова боја. Оваа впечатлива боја, којашто сосема извесно е „испорачана“ од француските колеги, се користи и за штеповите на седиштата, како и за натписите Stepway на предните седишта. Не недостига ниту хром за рачката на менувачот и за рачките на вратите, како и за четирикракиот волан обложен со кожа.

Dacia Logan MCV Freedom 00004

Романците го испорачуваат MCV Stepway Freedom со мануелен клима уред, патен компјутер, електрика за предните прозорци, електрика и греење на ретровизорите, темпомат, паркинг сензори назад и помош при поаѓање на нагорнина.

Dacia Logan MCV Freedom 00002

Dacia нуди избор од два мотора за кросовер-комбито: Трицилиндарец од 0,9 литар и 90 КС и дизел од 1,5 литар, исто така со 90 КС. Обата мотора располагаат со турбонатполнење, систем старт-стоп и повраток на енергијата при сопирање.

Возењето по „спореден пат“, покрај главната струја на трендовски кросовери, во овој случај се исплатува.


Like it? Share with your friends!

108
71 shares, 108 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730