за

Каков избор на користено возило е: Dacia Duster

Каков избор на користено возило е Dacia Duster
Каков избор на користено возило е Dacia Duster

Најевтиниот СУВ на пазарот и натаму ужива висока популарност. Dacia Duster се држи добро, но има и неколку недостатоци. Тоа важи најмногу за управувањето и за осветлувањето.

Dacia Duster е СУВ со техника од Renault Clio. Квалитетот на изработка во фабриката во Романија е сосем пристоен. Тоа што најмногу го привлекува вниманието кај овој СУВ сепак се ниските цени и високата противвредност. Романската марка со овој модел нуди многу за парите. Од моделското освежување во 2014 година, програма за стабилност и четири воздушни перници се фабрички стандард. Во почетокот на 2018 година доживеа премиера втората генерација на моделот, со мудар напредок во бројни подрачја. Тоа се однесува на изгледот, на опремата, но и на техниката. Цените за бензинскиот модел со 100 КС и преден погон моментно стартуваат од 13.240 евра. Најдостапната изведба со погон 4х4 чини 17.190 евра, со 1,5-литарски дизел со 115 КС и со основно ниво на опрема.

Duster изгледа одлично и нуди солидна просторност во кабината. Пластиката во кокпитот е едноставна, но не и без шарм. Подвозјето става повеќе нагласок на комфорот, поради што каросеријата почнува да се клати кога се вози побрзо во свијоци. Покрај тоа, управувањето одвај пренесува некаква повратна информација од подлогата, така што динамичното возење не е силна страна на Duster.

Германскиот магазин Ауто Билд даде неколку важни одговори, при супертестот на 100.000 километри. Влијателниот магазин тогаш напиша дека СУВ-моделот на Dacia брзо ги освоил симпатиите на редакцијата со својата едноставност. Но, потоа следеше и првиот проблем. На 33.413 километри се случи дефект во менувачот. Duster изгуби бодови и поради расипаниот мерач за гориво, расклатените држачи на возачкото седиште и дефектниот цилиндар во механизмот на спојката.

Сопствениците на Dacia Duster повремено пријавуваат проблеми со површинска корозија, како и со протекување масло, што најчесто се случува кај dCi со 110 КС. Има забелешки и за мирисот што се шири од пластиката при силно сонце. Често се случува и бензинците да се подзакашлаат, што доаѓа како последица од дефектните свеќици за палење и од контролната електроника на моторот.

КАКО СЕ ОЦЕНЕТИ ОДДЕЛНИТЕ ПОДРАЧЈА

(во табелите се прикажува бројот на дефекти кај Dacia Duster во споредба со просекот од сите возила во класата, за различни категории на старост. Доколку полето е со зелена боја, бројот на дефекти е под просекот, додека црвената бојоа прикажува дека нивниот број е далеку повисок од просекот)

ПОДВОЗЈЕ

Пружините и амортизерите не му прават проблеми на Duster. Добро се држат и погонските вратила кај примероците од Duster што се стари меѓу три и пет години. Кај постарите возила се зголемува бројот на дефекти во ова подрачје. Повеќе проблеми прави управувањето. Проблемите во зглобовите се појавуваат многу почесто отколку просекот, во сите категории на старост.

New item by Automedia MK / Google Photos

СВЕТЛА

Ова е слаба точка на романскиот СУВ. Без разлика дали се работи за собореното светло, за предните или за задните светла, Duster почесто има проблеми со насоченоста или со функционирањето на светлата. Тие почнуваат да се појавуваат веќе кај поновите примероци.

СОПИРАЧКИ

Сопирачките водови и црева не се предмет за поплаки, вклучувајќи ги и постарите возила. Над седум години почнуваат да се појавуваат проблеми со дисковите, а сопирачките генерално имаат повеќе дефекти од просекот од сите возила во класата.

New item by Automedia MK / Google Photos

МОТОР И ИЗДУВ

Duster во сите годишта има проблем со чистотата на издувните гасови. По петтата година, издувниот систем станува сериозна тема. Причини за загриженост има и со протекувањето на масло од моторот. Овие проблеми на Duster се јавуваат почесто од просекот веќе по две години.

New item by Automedia MK / Google Photos

ЗАКЛУЧОК

Duster е симпатичен автомобил, практичен и достапен. Сепак мора да се смета на неколку слаби точки. Управувањето, осветлувањето и сопирачките јавуваат дефекти почесто од просекот. На тоа се надоврзуваат и натпросечно големиот број проблеми со електрониката на моторот, со издувот, но и со водењето на тркалата. Затоа треба да се провери добро пред возилото што се разгледува да се купи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini го извади од печат новото издание на Mini Insider

Mini го извади од печат новото издание на Mini Insider

Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање

Мини-кампер од Volkswagen Caddy може да донесе големо уживање