за

Dacia со рекордни 11.000 возила за три месеци во Британија

Dacia Британија

Британскиот огранок на Dacia го постигна најдобриот прв квартал во историјата со 10.926 продадени возила. Во споредба со истиот период лани, растот изнесува 52%. Романската марка напредува во услови кога целиот британски пазар се движи надолу.

Расте популарноста на Dacia меѓу возачките и возачите во Велика Британија. Во шестата година по стартот на тамошниот пазар, романската марка го постигнува најдобриот прв квартал во историјата. Меѓу јануари и март се продадени 10.926 возила или за 52% повеќе од истиот период лани.

Само во март е постигната продажба на 7.443 возила, што е +86% во споредба со март 2018. Голем удел во новиот продажен бум има пристигањето на новата генерација на Duster во втората половина од 2018 година. Тој е моментно четврти најпродаван СУВ-модел во компакт класата во Велика Британија.

Откако марката пристигна во Обединетото Кралство во 2013 година, Dacia има продадено повеќе од 140.000 возила. Моделите на романската марка редовно освојуваат и вредни титули од реномираните институции во земјата.

Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа

Шампион во сенка: Dacia Dokker на автогас и со „попуст“ во серија

Dacia во Германија продаде за четвртина повеќе возила

Првиот автомобил на Dacia се појави пред 50 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3

Tesla Model 3 најпродаван автомобил од средна класа во Европа

Seat prodazba jan-apr

Seat првпат надмина 200.000 возила за четири месеци