Теми

Dacia е најуспешната автомобилска марка во 2013

Од Романија потекнува најуспешниот производител на автомобили на европскиот пазар. Како следно изненадување од Dacia се подготвува ретро модел со дизајн од 1970-те години.

Најголемото изненадување на автомобилската 2013 година не е BMW, Mercedes или Volkswagen, туку Dacia, евтината марка на Renault. Со 21,1 процент, Романците во минатата година постигнаа најголем пораст во продажбата на европскиот пазар, со голема предност пред Mazda и Jaguar, чијашто продажба порасна по 15,6 проценти.

Во почетокот Dacia правеше лошите модели на Renault да бидат полоши

Развојот на Dacia е еден од најголемите успеси во Источна и Југоисточна Европа по крајот на комунизмот и претставува пример за беспрекорно спроведена проиватизација. Со децении романската марка уживаше имиџ на производител што лошите модели на Renault ги прави уште полошо. Откако производството стартуваше во 1968 година во Миовени, на северозападот од престолнината Букурешт, моделите Renault 8 и Renault 12 се произведуваа под лиценца како Dacia 1100 и Dacia 1300. Исто како Lada и Skoda, возилата на Романците беа изработени слабо и техниката постојано се расипуваше.

Сонот за автомобил од 5000 долари

 

По истекот на лиценцата во 1972 година, Dacia продолжи да произведува автомобили во сопствена режија до 1997 година. Еден од последните модели беше Dacia Nova, автомобил со мизерен квалитет и преполн со грешки. Кога поранешниот шеф на Renault Луи Швајцер кон крајот на 1990-те години почна да ја пропагира идејата за автомобил од 5000 долари, за што беше јавно исмеван од колегите, никој не помислуваше дека по повеќе од десетина години подоцна гигантите Toyota и Volkswagen исто така ќе почнат да размислуваат за и тие да воведат евтина марка.

Во тие времиња кога пазарот бараше само квалитетни модели и соодветно скапи модели, Dacia реши да се обрати на нов слој купувачи, односно на клиентите што дотогаш можеле да си дозволат единствено користен автомобил стар повеќе од пет години. За истите пари тие сега можеа да купат нов автомобил кај Dacia. Техничките пропусти во меѓувреме заминаа во минатото. Во актуелната статистика на дефекти на најголемиот автоклуб во Европа ADAC, Sandero се наоѓа на петтото место. Тоа е огромно достигнување за автомобил што во актуелната генерација чини околу 7.500 евра и во безбедносната опрема вклучува дури и програма за стабилност.

Duster е речиси како Range Rover

Романската марка уште го нема кажано завршниот збор. Се планира градски автомобил за 5.000 евра, кој треба да се појави на пазарот в година. Како основа за моделот ќе се користи платформата на актуелниот Twingo со продолжено меѓуоскино растојание. Пет врати и багажник од 250 литри се поставени како дел од развојните начела. За погон ќе стојат на располагање еден бензински и еден дизелски мотор, обата со моќност од 75 КС.

Но, Dacia не планира да оди само на евтина карта. Британскиот автомобилски папа Џереми Кларксон неодамна коментираше за спортскиот теренец Dacia Duster: „Малку полирање и може да помине како Range Rover.“ Токму високата класа е следниот сегмент за освојување. Dacia во соработка со Renault планира премиум модел што ќе чини околу 20.000 евра и со дизајнот ќе претставува ретро модел во стил на Renault 12, односно Dacia 1300. Марис Александру Богдан, студент на индустриски дизајн на Универзитетот во Брашов, веќе има предлог за изгледот на идниот знаменосец на марката.

Лимузината долга пет метри и широка преку два метри комбинира елементи од оригиналниот дизајн од 1970-те години, како што се маската, предните и задните светла, со модерни линии во стил на Porsche Panamera, Bentley и Lamborghini. Менаџерите на романската марка веќе ги побарале дизајнерските скици на Богдан. За неколку години пазарот ќе го добие и тоа: Престижна лимузина со цена на Dacia.

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730