за

Рускиот Cybertruck има мотор од Lada и изработен е за 24 часа

rusija cybertruck lada
rusija cybertruck lada

По само неколку недели од светската премиера на електричниот пикап на Tesla, по патиштата во Русија веќе вози негова копија. За разлика од оригиналот, московскиот „пикап од иднината“ користи проверена техника од Lada 2109, односно Samara.

Автомобилска Русија е земја на милиони снимки од камерите што масовно ги вградуваат руските возачи и на сообраќајни сценарија какви што светот дотогаш не можеше ниту да замисли. Но, светот честопати сведочи и за најнеобични автомобилски креации и експерименти што возат по тамошните патишта. Најновата таква креација беше забележана во Москва и станува збор за руска верзија на Tesla Cybertruck.

Во повеќе детали има груби отстапувања од оригиналот за когошто дозна целиот свет, во голема мера благодарение на необичниот изглед. Токму таа футуристичка форма на пикапот на батерии инспирираше еден мошне популарен тим од гаражни мајстори „Пушка Гараж“ во изработката на нивна верзија на Cybertruck.

Руските „конструктори“ на сајбер-пикапот оставија прво снимките од нивното возење низ Москва да ги освојат социјалните мрежи, па потоа го објавија своето 45-минутно видео

Рускиот пикап не вози на струја, но затоа вози со најпроверена и најсигурна техника од Lada 2109, односно Samara. Предизвикот беше од автомобилот да се изработи копија на Tesla Cybertruck во рок од 24 часови и со ограничен буџет од 30.000 рубли за преправката. Целиот рој проект се одвиваше во „маалска“ гаража, без какви било претходни планови и CAD-мајстории, туку спонтано, со метро и калкулатор.

Возачи во САД се забавуваат со дизелски чад, Tesla омилена мета

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tata nexon ev

Индиската Tata Nexon EV вози 300 km на струја

hyundai-ces-2020

Hyundai ќе лета на саемот ЦЕС во Лас Вегас