за

Започна изградба на седиштето на спортската марка Cupra

Cupra izgradba novo sediste
Cupra izgradba novo sediste

Во непосредна близина на управната зграда на Seat се поставени темелите за новиот објект, во когошто ќе работи менаџментот на новата спортска марка Cupra.

Откако Cupra прерасна од култно моделско име за спортски модели во спортска марка, прво следеше комплетирање на менаџерскиот тим, па зголемување на персоналот за 50%, а сега се поставени и темелите за новото седиште за марката.

Зградата во близина на седиштето на Seat ќе има повеќе намени, со површина од 2.400 метри квадратни, како отворена градба без преградни ѕидови. Изгледот потсеќа на боксови од тркачка патека. На двата ката ќе бидат сместени продажбата, маркетингот, набавката и финансиите. Околу објектот се наоѓа природна средина, вклучувајќи голема тераса, на којашто во иднина ќе се претставуваат новите модели на Cupra.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Целта е продажбата на Cupra да се зголеми двојно во следните четири години, како и персоналот да достигне 100 лица

Во исто време се работи и во зградата на Seat Sport, кадешто привремено е сместена администрацијата на Cupra. Во иднина, тоа ќе биде Cupra Racing Factory. На простор од 16.000 метри квадратни ќе се развиваат и изработуваат тркачките автомобили на марката. Од истото место ќе излегува и Cupra e-Racer, за туристичката класа со електричен погон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во првите пет месеци од 2019 година, Cupra продаде 10.300 автомобили, што е 76,8% повеќе отколку во истиот период лани. Моментно се подготвува стартот на Cupra Ateca. Постои голема побарувачка за Leon Cupra, а неодамна беше претставен и концептот Formentor, со плагин-хибриден погон и системски 245 КС. Моделот со сосем различен дизајн од Seat ќе стартува со продажба во следната година.

Cupra ќе добие и посебни салони. Моментно се избираат локации во Минхен, Хамбург, Виена и Мексико Сити.

Cupra ги отвори тефтерите: Старт од 42.850 евра

Електричната Cupra e-Racer првпат на тркачка патека

Новиот Seat Leon Cupra не носи ништо ново, а има сé

Фабриката на Seat има тротоари што го пречистуваат воздухот

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nisasn altima pretstsavuvanje

Nissan откри дека младите се за лимузина, но тие не се во Европа

Audi SQ8

Audi SQ8 со осумцилиндарец со 435 КС, случајно дизел