за

Cupra и Барса ги носат фановите виртуелно на стадион

Cupra и Барса ги носат фановите виртуелно на стадион
Cupra и Барса ги носат фановите виртуелно на стадион

Cupra и фудбалскиот клуб Барселона стартуваа иницијатива со коајшто фановите можат да дадат поддршка за својот тим и на натпреварите што се играат без публика. Под мотото „Заедно да победиме на овој натпревар“, официјалниот партнер за мобилност на Барса ги повикува фановите од цел свет да испраќаат фотографии на коишто тие од домот ги прославуваат успесите на својот тим.

Фотографиите може да се испраќаат на официјалниот вебсајт на Cupra. На домашните натпревари, коишто се одржуваат без публика на стадионот Камп Ноу, фотографиите ќе се прикажуваат на мониторите околу целото игралиште.

Од испратените фотографии ќе се состави аудиовизуелна презентација што ќе се прикажува за време на натпреварите, на одредени интервали и до десет пати. На тој начин, Cupra сака на фановите на Барса да им даде можност, и покрај затворените стадиони за публиката, тие да се чувствуваат поврзани и да прославуваат со својот тим од сите страни на светот.

Сликите може да се испраќаат на вебјактот www.cupraofficial.com

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ретки модели на BMW од колекцијата на Џеј Кеј на аукција

Ретки модели на BMW од колекцијата на Џеј Кеј на аукција

Април со историски најниска продажба на автомобили

Април со историски најниска продажба на автомобили