129
18 shares, 129 points

Германскиот интернационалец Марк тер Штеген е нов светски амбасадор на спортската марка на Seat и ќе вози еден од 1.999-те примероци од Cupra Ateca Limited Edition.

Германскиот фудбалер Марк тер Штеген е нов член на семејството Cupra. Ценет како еден од најдобрите голмани во светот, тер Штеген ќе има задача да ја популаризира марката Cupra во светски рамки.

Лани во август, спортската марка на Seat стана официјален автомобилски партнер на Барселона. Продажбата забележа раст од 71,8 проценти во споредба со 2018, со вкупно 24.700 продадени примероци.

Марк тер Штеген е роден во Менхенгладбах во 1992 година и има впечатлива фудбалска кариера. Во последните пет години, голманот освои дури 14 титули, вклучувајќи Лига на Шампиони ан УЕФА во 2015 одина и четири шпански лиги. Тој учествувал 24 пати во германската репрезентација.

Исто како што јадрото на марката Cupra се состои од модерна спортска нота, така и тер Штеген се цени како модерен голман, со агилен стил, брзи рефлекси и прецизни шутеви. Германецот официјално ќе ја преземе функцијата на амбасадор на Cupra за време на светската премиера на новото семејство модели Cupra Leon, којашто ќе се случи на 20-ти февруари. На овој настан воедно ќе се одбележи и вториот роденден на марката.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

129
18 shares, 129 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *