Во некои земји не се толерира алкохол, важат други брзински ограничувања или правила за кружен тек. Повеќето возачи се свесни за тие правила. Но, постојат и сообраќајни правила за кои малкумина имаат слушнато.
Доколку во Австрија се повика сообраќајната полиција при незгода во којашто е предизвикана материјална штета, иако учесниците во незгодата можат едноставно да ги разменат податоците за осигурувањето, задолжително се плаќа таканаречен данок за сино светло, односно се наплаќа за доаѓањето на полицијата. Тоа чини 36 евра.
Возачите кои користат очила или контактни леќи, имаат потешкотии кога управуваат возило без оптичките помагала. Заради безбедност, овие возачи во Шпанија секогаш мора да имаат резервни очила или контактни леќи во возилото.
Автомобилот е јавен простор според законите во САД и патниците не смеат да пијат алкохол доколку шишето не е завиткано
Во САД само на одредени јавни места е дозволено да се пие алкохол, без да се сокрива амбалажата. Забраната важи и во автомобилот, на пример во случај ако совозачот пие лименка пиво. Во повеќето американски сојузни држави постои таканаречен „закон за отворен сад“ (open-container law), а можe да постои и локално ограничување за отворено поседување алкохол во автомобилот. Единствено во Мисисипи е дозволено возачот да пие алкохол додека вози, но секако, доколку нивото на алкохол во крвта е во границите на дозволеното.
Додека во повеќето земји ширум светот е забрането да се превезуваат лица на товарната платформа на пикап, тоа е сосем легално во Хаваи и уште неколку сојузни држави во САД. Тамошните закони пропишуваат дека „во случај сите места во кабината да се зафатени, а страниците на товарната платформа се безбедно затворени и патниците (над 12-годишна возраст) седат на под, превезувањето е дозволено“.
Одземање возило доколку возачот управува со повеќе од два промили алкохол во Данска
Во случај кога во алкохолизирана состојба се управува автомобил во Италија и во Данска, возачот не само што може да остане без возачката дозвола, туку и без автомобилот. Доколку возачот управува со повеќе од 2,0 промили алкохол во крвта во Данска, законски е можно автомобилот да му се одземе и да се понуди на наддавање. Граничната вредност за алкохол во Италија е уште построга и изнесува 1,5 промил. Полицијата во Швајцарија исто така има овластување да го одземе автомобилот, во случај на екстремно пречекорување на дозволената брзина.
Волан лево, волан десно: Разлики, причини, историја
Во овие земји не смее да се носи кантичка со гориво
Одбивање алкотест во странство се казнува до 10.000 евра
Дваесет автомобили на африкански диктатор се продаваат за добра цел