за

Производителите однапред ги знаат резултатите на Euro NCAP

краш тест ford focus

Кога организацијата што има голема заслуга за безбедносното ниво на денешните автомобили ги најавува резултатите од последната серија краш-тестови, се стекнува впечаток дека производителите се во неизвесност, небаре во паника. Но, реалноста кажува дека возилата се веќе обемно тестирани уште во „фабричкиот двор“. Ford вложи 15 милиони евра само во опрема за халата за тест

Новиот Ford Focus херојски ја издржа последната серија краш-тестови на Euro NCAP. Експертите за безбедност му доделија максимална оцена од пет ѕвезди на компактот на Ford, не пропуштајќи да ги спомнат системите за безбедност што следат во серија или се нудат како опција. Ford Focus практично е првиот автомобил што Euro NCAP го оценуваше според новите, построги протоколи за тестирање на безбедноста.

Резултатите од тестирањата обично се најавуваат многу бомбастично, затоа што безбедноста сепак е еден од пресудните фактори за купувачите при изборот на автомобилот. Но, наспроти публиката, којашто со голема неизвесност ги исчекува оцените на Euro NCAP, кај производителите сé е познато долго пред тоа.

Иако деформациите се добиваат верно преку компјутерски симулации, вистинскиот краш тест и натаму е неизбежен

И повторно, Ford. При развојот на новиот Focus, инаку во својата четврта генерација, Германците вградија нова постројка за „санкање“ на автомобилите при сопствените серии краш-тестови. Системот се наоѓа во лабораторијата за краш тестови во Келн, поточно во предградието Меркених, и чини 15,5 милиони евра. Целта е на техничарите да им се олесни анализирањето на конструкцијата и дејството на пасивните безбедносни системи.

Ford Focus crush-test 2

Кога новите модели ќе созреат до оваа фаза, во специјалната хала може да се вршат до четири краш-тестови дневно. Каросеријата се поставува на санка со хидрауличен погон и најбуквално се катапултира под дејство на 2,5 мегањутни (тоа е еднакво на 250 тони) до забрзување што е 80 пати поголемо од земјината тежа. Сили од оваа големина навистина дејствуваат врз каросеријата при реален судир.

Во куклите за краш-тест има по 70 сензори со највисока чувствителност

Високобрзински камери прават до 1.000 слики во секунда, за иниженерите да можат прецизно да го анализираат отворањето на воздушните перници и затегнувањето на безбедносните ремени, како и деформирањето на каросеријата и однесувањето на безбедносната ќелија. Во исто време се добиваат податоци од 70 сензори со врвна чувствителност. Овие сензори се поставуваат во тест-куклите. Само во главата на куклите се наоѓаат по 15 вакви сензори.

Санката“ во Келн ќе се користи за сите идни автомобилски и товарни модели на Ford, кои ќе се развиваат во Европа. Резултатите од краш-тестот ја потврдија гордоста на инженерите од новата C2-архитектура, односно платформата што прв ја користи Focus. Во споредба со каросеријата од претходната генерација на моделот, новиот издржува за 40 проценти повисоко оптоварување. Тоа се должи и на примената на таканаречен борон-челик, кој се одликува со ултрависоката цврстина и учествува со една третина во каросериската структура.

За оваа цврстина да не се проверува во реалност, во Ford Focus се вградуваат практично сите системи за асистенција што денес ги нуди браншата, или како стандард или како опција. Нашата редакција неодамна го тестираше моделот, нашите впечатоци и оцени можете да ги прочитате на „Добриот стар Ford Focus, ама нов“.

Пет ѕвезди од Euro NCAP за безбедноста на Volvo XC40 и Ford Focus

Безбедното растојание при возење не смее да се потценува

Добриот вид е основен предуслов за безбедно возење

Нови безбедносни стандарди во возилата од 2018 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тесла гигафабрика, tesla model 3

Секој час по 50 примероци од Tesla Model 3

електрични автомобили во зима

Како изгледа зимата за возачите на електричен автомобил