158
21 shares, 158 points

Две спортски икони од американска продукција мораат да си заминат од европскиот пазар, поради строгите норми за издувни гасови. Corvette и Camaro, две фурии со мотори V8, во иднина ќе може да се набават само преку специјализирани компании за увоз од САД.

Строгите норми за издувни гасови се пречка за американските спортски купеа Corvette и Camaro да останат на пазарот во ЕУ. Двата модела на General Motors ќе бидат достапни само до крајот на август и ќе можат да се регистрираат само дотогаш, затоа што од 1-ви септември стапуваат новите норми Euro 6d-Temp. Преправка на моторите и приспособување на издувот не се исплатува, поради малите продажни бројки на европскиот пазар.

Нема официјална потврда за следните генерации на двата модели. Осмата генерација на Corvette треба да се појави во средината на јули. Дури по премиерата ќе се знае дали ќе има иднина за овој модел и во Европа. Помали се шансите за пони-автомобилот Camaro. Конкурентот на Ford Mustang ќе добие наследник дури во средината на следната декада.

Corvette е големо име на светската сцена на спортските автомобили и моментно е достапна во купе и кабриолет изведба. Основната верзија располага со 466 КС и чини околу 92.000 евра. Уште повеќе КС за парите се добиваат кај Camaro, чијашто изведба со V8 со 435 КС чини околу 50.000 евра.

Овој камионет на Chevrolet не минува со лесно

Chevrolet без волан и педали пристига во 2019 година

„Дизелгејт“ го погодува и Chevrolet: Тужба за дизелот од Opel

Украдена Corvette пронајдена по 33 години и реставрирана на фабрички трошок


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *