Во минатата седмица, реклама на Mercedes предизвика остри реакции во Кина, а сега следи Турција, поради видеото што го објави големиот добавувач Continental. На мапата што е прикажана во видеото, на територијата на Турција се наоѓа само море.
Турците нема туку така да му простат на Continental, откако големиот добавувач на автомобилската индустрија објави промотивно видео на коешто место територијата на државата се наоѓа море. Социјалните мрежи буквално побеснеа за ненамерниот пропуст, остро реагираа и медиумите, затоа што толкувањето на ваквиот чин може да биде сé освен наивно.
Во рекламното видео за огранокот на Continental којшто е специјализиран за погонска спрега, по само неколку секунди се појавува мапа, на којашто се гледаат Европа и делови од Северна Африка и Блискиот Исток. Но, на местото кадешто треба да се наоѓа Турција, има само вода. Како Средоземното Море да ја проголтало целата територија на земјата.
Во видеото на Continental се појавува и рекламниот слоган: „Некогаш, помалку е повеќе“
Основни непознавања на некој што требало само да стави боја на територијата на Турција, доведоа до сериозен инцидент. Дополнителен жар во огнот во оваа ситуација додаде и рекламниот слоган: „Некогаш, помалку е повеќе“. Авторите сакале на тој начин да укажат на значењето на намалувањето на емисијата на СО2.
https://www.facebook.com/Continental/photos/a.304017060893.156395.37446160893/10155076197900894/?type=3
На турскиот фејсбук-профил на Continental се појавија илјадници коментари, по што следеше отстранување на видеото и извинување. Но, компанијата и тоа го погреши, затоа што извинувањето го објави само на турски јазик. Подоцна, се коригира. Лани сличен пропуст имаше и Audi, со мапата на Азија којашто беше прикажана за време на една конференција за печат.
https://youtu.be/C25lj5BCyd8
https://youtu.be/RaNlJk7XPX8
Турција повторно ќе произведува сопствен автомобил