за

Камионските гуми добија интернет

интернет за камионските гуми

Continental разви систем којшто преку интернет ги пренесува податоците за притисокот и температурата во камионските гуми до возачот и менаџерот. Нема потреба од вградување посебни системи во кокпитот, се штеди гориво и се продолжува векот на гумите, на крајот има корист и животната средина.

Continental ќе направи патиштата да бидат уште побезбедни, преку поврзувањето на камионите и автобусите на интернет. Заедно со Vodafone, производителот на автомобилски гуми разви дигитална платформа за контрола на гумите. ContiConnect преку мобилна врска ги пренесува сите податоци за температурата и притисокот во гумите до централен интернет портал.

Менаџерите коишто се задолжени да управуваат со возните паркови можат во секое време да ги проверат податоците за гумите на кое било возило. Доколку се регистрира критична вредност, информацијата се пренесува до централата и до возачот. Како една од предностите се наведува тоа што нема потреба дополнително да се вградува дисплеј или каков било уред во кабината на камионот. Информациите пристигаат до возачот или менаџерот преку електронска пошта или СМС.

Преку овие податоци, менаџерите на возните паркови можат да постигнат подолго работно време и пониски трошоци за одржување, како и да заштедат гориво Михаел Нојхајзел, раководител за дигитални решенија во Continental

Преку мобилната мрежа, техниката може да ги испраќа податоците каде било низ светот, без разлика каде се наоѓа возилото. Системот веќе стартуваше со примена во САД, Канада, Малезија и Тајланд, а ќе биде достапен и на целата територија на Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и Австралија.

Доколку гумата има изгубено само 20% од пропишаниот притисок, камионот во просек троши 0,9 литри гориво повеќе на сто километри. При 120.000 километри годишно, тоа се 1.080 литри гориво – по гума

Надгледувањето на податоците од камионските гуми помага да се избегнат скапите дефекти – „скапи“ не само поради гумата, туку и поради тоа што секоја минута непотребно мирување на камионот чини пари. Системот е корисен и за оптимизација на работните времиња кај камионите.

Помалку дефекти кај камионските гуми, помалку незгоди, повеќе безбедност

Како што денес сé е поврзано на интернет, така и камионските гуми не прават отстапка. Сензори во гумите постојано ги мерат притисокот и температурата, кои потоа ги пренесуваат до приемникот. Податоците оттука се пренесуваат во реално време до серверот на Continental и се анализираат софтверски. При отстапување од нормалните вредности се вклучува аларм кој ги известува возачот и менаџерот на возниот парк.

Големиот обем на податоци им овозможува на менаџерите подобро планирање на замената на гумите, како и на сервисирањето. Експлоатацијата на гумите се продолжува, а со контролата на притисокот се поштедува и животната средина.

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД

MAN тестира камионски плотун по германскиот аутобан

Електричниот камионет на германската пошта се продава како луд

Прв електричен камион од сериско производство е … Fuso

Електрични камиони носат делови до фабриките на BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

uber nezgoda snimka

Видеото од незгодата на Uber докажува: „Автопилотот“ не е за на улица

dodge viper naddavanje memorabilija

Старата фабрика за Dodge Viper станува музеј