163
21 shares, 163 points

Continental подготвува голема револуција во прикажувањето на податоците во возилото. Добавувачот и технолошки предводник соработува со американската Leia на нов вид кокпит. Неговото име е „Natural 3D Lightfield Instrument Cluster“. Посебното кај овој вид дисплеи не е само во приказот во три димензии, туку и во можноста да се издвојат одредени графички целини и истите да се нагласат, како и да се прикажат со посебни светлосни ефекти. Системот треба да достигне сериска зрелост до 2022 година.

Компанијата Leia ја разви технологијата „Lightfield“, за којашто Continental најде примена во автомобилски кокпит со тридимензионален дисплеј. Првпат се овозможува истата 3D слика да се гледа од сите места во возилото, односно од совозачкото седиште и од задната клупа.

Тридимензионалната слика на дисплејот Lightfield се состои од вкупно осум перспективи на истиот предмет. Овие перспективи може да варираат зависно од аголот на гледање. За постигнување 3D-ефект без потреба од очила, до неодамна се користеа паралакс-бариери или лентикуларни техники. Кај новата технологија, тоа се постигнува со посебна метода на блокирање или прекршување на светлината.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Производителите на автомобили во иднина би можеле на едноставен начин да изведат „холографски“ апликации во своите возила. Тридимензионалните инструменти имаа премиера на 11-ти јуни, на Саемот за потрошувачка електроника во Шангај.

Audi е првата автомобилска марка со 3D-конфигуратор

Bugatti произведе сопирачки клешти со 3D-печатење

Hyundai прикажува кокпит од следната генерација

Шефот на Continental открива зошто производителите мамат за чистотата


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *