за

Confederate Hellcat Speedster X132: Мотоцикл за холивудските ѕвезди

Холивудската ѕвезда Том Круз и поранешниот фудбалски профи Дејвид Бекам се дел од клиентелата на Confederate

Нафатираните бајкери што не сакаат мотоцикл од закачалка ги избираат егзотичните креации од Алабама. Confederate ги опслужува светските ѕвезди како Том Круз и Дејвид Бекам.

Купувачите на коишто Harley-Davidson им е премногу секојдневен, а уште поретките модели со мотор V2 на марките Victory или Indian им се премногу обични, се решаваат за марката мотоцикли од крајниот југ на Соединетите Американски Држави. Во Confederate во Алабама рачно се изработуваат најексклузивни мотоцикли веќе 23 години. Холивудската ѕвезда Том Круз е дел од клиентелата на оваа мануфактура, исто како и поранешниот фудбалски професионалец Дејвид Бекам. Последното дело е креирано од Пјер Тербланш, екс-дизајнер на Ducati. Четвртата варијанта на моделот Hellcat со носи името Speedster. Ексклузивноста е загарантирана со серијата што е ограничена на само 65 примероци, но и со цената којашто изнесува 65.000 долари, односно околу 50.000 евра.

Погледот веднаш го привлекува моќниот агрегат V2 од американскиот специјалист за мотори S&S. Кратенката Х132 означува работна зафатнина од 132 инчи кубни, односно 2.163 сантиметри кубни. Од оваа енормна работна зафатнина се извлекуваат 123 КС, но и огромна сила на повлекување од 190 њутнметри. Новиот Hellcat Speedster е модификација на моделот од 2012 година, со впечатливи и квалитетни детали, како на пример бандажи и резервоар изработени од карбон. Блокот на 2,2-литарскиот мотор е изработен од цело парче метал со глодање во постапка CNC. Под мотото „Hand Made in the USA“, повеќето делови се изработени рачно.

Препознатливиот изглед со сочинуваат елегантно издолжениот резервоар, коженото единечно седиште во ретро стил и предната вилушка од WP, како и широката задна гума со димензија 240/40. Подеднакво се впечатливи и диодните светла. Мала е можноста Hellcat да се продава на европскиот пазар. Овдешните закони не ја поднесуваат гласната работа на воздушно ладениот V2.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Америка се краде автомобил на секои 45 секунди

Audi TT: Ист како стариот, само многу подобар