за

Clio со 275 КС за јубилејот на Renault Sport

Спортското одделение на Renault одбележува 40-годишнина и враќање во формула 1 со специјална верзија на Clio R.S. Моторот со 275 КС потекнува од Megane RS.

Во рамките на трката за големата награда на Монако, Renault претстави специјална верзија на Clio R.S., со најсилниот мотор со кој моментно располага француската марка и со каросерија во боите на тркачкиот болид во формула 1. Renault на овој начин ја одбележува четириесетгодишнината на своето спортско одделение, а воедно и враќањето во кралицата на мотоспортот. Аналогно на тоа, јубилејниот Clio ја носи ознаката R.S. 16, според болидот.

Автомобилот што засега останува уникат се појави на патеката во Монако со Кевин Магнусен зад воланот. Французите не случајно го избраа Монако за претставување на Clio R.S. 16, сакајќи на тој начин да укажат на врската меѓу спортските автомобили на Renault Sport за обичните улици и тркачките болиди.

renault clio rs 16 00005

Дволитарецот во Clio R.S. 16 потекнува од Megane R.S. 275 Trophy-R и со 275 КС и 360 њутнметри е најсилниот мотор што се вградува во Renault. Тимот на Renault Sport успеа за пет месеци да го смести моторот, менувачот и системот за ладење од Trophy во Clio. Заедно со тоа следуваа и измени во издувниот систем и секако во подвозјето. За звукот соодветно да ја нагласи моќноста на укинатниот Clio се погрижи специјалистот Akrapovic.

Ширината на каросеријата е зголемена за 60 милиметри, колку што веројатно е зголемена и ширината на трагата на оските. Под крилата вртат тркала од 19 инчи. Како завршен потег следуваат диодни дневни светла во стилот на Renault Sport Vision. Традиционалната сириус-жолта боја на Renault Sport е комбинирана со ретровизори и други детали во сјајно црна боја, по пример на тркачкиот болид на Renault Sport во формула 1.

По премиерата во Монако, следното појавување на Clio R.S. 16 е најавено на Фестивалот на брзината во Гудвуд, на 23-ти јуни.

[FAG id=24509]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриката во Словачка произведува за шест марки на Volkswagen

Kia обезбеди 447 возила за европското првенство во фудбал