за

Citroen ќе ја испробува среќата во Индија

Citroen Индија

Citroen официјално стартува на индискиот пазар. Тоа е нов обид на француската марка да најде пазар за зголемување на продажбата. Во иднина ќе се развиваат модели кои ќе одговараат повеќе за вкусот на купувачите надвор од Европа. Од 2020 година, во Индија ќе се продава и актуелниот C5 Aircross.

При развојот на новите модели за индискиот и регионалниот пазар, Citroen ќе ги користи истите начела како оние што беа користени во изминатите пет години при новото позиционирање на француската марка во Европа. Меѓу тие начела спаѓа понуда од разновидни модели со препознатлив изглед, широка дилерска мрежа и агресивен маркетинг, достапни цени за индискиот пазар преку користење на компоненти од локалните добавувачи на автомобилската индустрија, меѓу кои и CK Birla Group.

Првиот модел развиен за индискиот пазар ќе се појави во 2021 година. Планот е секоја година да се пушта по еден нов модел. Индиските автомобили понатаму ќе се пласираат и на останатите пазари кадешто купувачите ќе ги прифатат тие автомобили.

Се очекува по 2020 година, Индија да биде трет најголем пазар за автомобили во светот, по Кина и САД.

Прашање на добар избор: Издолжен Citroen C5 Aircross или моќна Skoda Karoq

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat историска споредба

Три минути место цел ден и апликации место факсови

Hyundai виртуелен кокпит

Hyundai прикажува кокпит од следната генерација