125
17 shares, 125 points

Од Citroen се очекува неочекуваното. Ванот изненадува со авангардниот изглед.

Француската марка повторно се измислува од ново. Во последните години тоа се случува многу често, речиси како во времето на таткото на марката Андре Ситроен. Овојпат новиот старт му припадна на компактниот ван C4 Picasso. Следната низа од моделски новитети на Citroen ќе се раководи според изгледот на ванот.

Нов е изгледот, нова е и платформата. Се работи за платформа EMP2, која овозможи ванот во споредба со претходникот да има преден каросериски превис скусен за 7 сантиметри, мотор поставен за 4 сантиметри и под понизок за 2 сантиметри, но и значително поголема трага на тркалата, конкретно плус 8 сантиметри напред и 3 сантиметри назад. Тоа значи порационално искористување на просторот и во исто време поголема возна динамика. Добредојде за новиот Picasso.

Највпечатлив детал во изгледот е тенката лента со светлечки диоди која служи како дневно светло и се надоврзува на линијата на маската. Диодите светат и назад, во светла кои се инспирирани од студиите Tubik, Survolt и Revolte. Промените продолжуваат со несмален интензитет и во кокпитот. Тука се забележува намерата да се поедностави ракувањето и да се следи актуелниот развој на електрониката. Панорамскиот ветробран повторно е стандард. Кој сака уште повеќе светло, може да доплати и за стаклен покрив.

Новитет во згрижувањето на патниците е пакетот Lounge, кој содржи предни седишта со масажа и специјално седиште за совозачот со потпора за комотно испружување на нозете. Французите најавуваат дека и квалитетот на материјалите и изработката повторно е подигнат.

Инструментите се целосно дигитални, со два дисплеја, едниот со големина од 7 инчи и ракување со допир, а вториот панорамски со големина од 12 инчи и приказ во висока резолуција. Преку долниот дисплеј се ракува со сите функции, односно со климата, навигацијата, радиото, телефонијата, помошните системи и интернетот. Поголемиот дисплеј може да се конфигурира по желба на возачот и меѓу другото може да прикажува и слики од УСБ. Преку интернет може да се добијат информации за најблискиот сервис, хотел или ресторан, за временската прогноза или за опасности на патот.

Управувањето со задната врата со електромотор и камерата за рикверц се само дел од напредните функции на ванот. Прв во сегментот, C4 Picasso воведува помош при паркирање со приказ од 360 степени, со четири камери. Остатокот од новите решенија за ванот на Citroen е само освежување: Радарски темпомат, активни безбедносни ремени напред по пример на Pre-Safe на Mercedes, автоматика за долго светло и контрола на мртвиот агол.

Во кабината се добива повеќе простор благодарение на подолгото меѓуоскино растојание со новата платорма, конкретно 2,785 метри, односно 55 милиметри повеќе отколку во претходникот. Со 537 литри, багажникот нуди за 40 литри повеќе од порано, односно 630 литри ако задната клупа се повлече нанапред. Должината останува компактна, со 4,43 метри.

Вообичаената трансформација на кабината е унапредена со можност соборување на совозачкото седиште, за превоз на предмети долги 2,5 метри, како и со примена на иста ширина за трите седишта во вториот ред. Во преградата над средишната конзола има приклучок УСБ, излез и приклучок за 220 волти, во случај кога возилото е опремено со автоматизиран менувач, средишната преграда меѓу седиштата се отстранува од возилото, во подот пред задната клупа има прегради.

C4 Picasso сега е полесен дури и од помалиот C3 Picasso!

Најголемиот новитет е сепак смалувањето на тежината за 140 килограми. Тоа е веќе за почит. Огромниот напредок е постигнат со примена на алуминиум за дел од каросеријата, на пример за хаубата, како и со композитен под во задниот дел од возилото и со задна врата од истиот материјал.

Намалената тежина и подобрената аеродинамика резултираат со пониска потрошувачка на гориво. Picasso е прв во класата кој постигнува емисија на СО2 под 100 грами на километар, во случај на моделот e-HDi 90 Aidream, со потрошувачка од 3,8 литри. Сите дизелски мотори се опремени со старт-стоп, со исклучок на HDi 90 со мануелен менувач. Citroen C4 Picasso е во исто време првиот модел на Французите со мотор BlueHDi, кој ги задоволува стандардите Euro 6.

Целата понуда од погонски единици на стартот ја сочинуваат два бензинца, VTi 120 и THP 155, и два дизела, HDi 90, и e-HDi 115. Обата дизела се достапни и во изведба со автоматизиран менувач со шест степени, во комбинација со микро хибрид систем.  Продажбата на францускиот пазар стартува во јуни.

[nggallery id=4]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
17 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730