за

Citroen C-XR само за Кинезите

Концептот C-XR е прв спортски теренец што Французите ќе го произведуваат заедно со кинескиот партнер Dongfeng. Европскиот пазар не е во игра, тука го имаме C4 Cactus.

Citroen и кинескиот партнер Dongfeng на салонот во Пекинг го претставија концептот што го најавува идниот кросовер под знакот на „двојниот запченик“. C-XR ги користи традиционалните стилски елементи на спортските теренци, со широка хромирана маска и големо лого на Citroen во седината. Светлата имаат вертикално поставени светлечки диоди, а во браникот е изведен впечатливо димензиониран отвор за воздух, со заштитни ленти оздола заради нагласување на робусноста. Интересно се изведен носачите за багаж на покривот, со линија во задните прозорци што визуелно се надополнува на носачите.

Кросоверот се потпира на бандажи од 17 инчи, а за движење по лизгав терен е на помош Grip Control, напредната контрола на тракција на француската марка. Меѓуоскиното растојание од 2,65 метри е најдолго во класата и гарантира просторност во кабината. Моторот во концептниот автомобил е бензинец со 160 КС и турбонатполнење, во комбинација со автоматски менувач и систем старт-стоп.

Сериската верзија на C-XR ќе отстапува само во неколку детали од концептот и ќе биде претставена во почетокот на следната година. Покрај концептот, Citroen го прикажа и големиот спортски теренец DS 6WR.

75383cit_5644

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каролина Куркова е ново заштитно лице на BMW

Заминува главниот конструктор на GM поради скандалот со бравите