за

Citroen има револуционерно возило, речиси како Renault Twizy

Citroen Ami
Citroen Ami

Во марката што го носи името на еден од најголемите пронаоѓачи во автомобилизмот и понатаму е поактивен маркетингот, отколку развојното одделение. Четирицикл на Citroen ја користи идејата на Renault Twizy, ќе се бори за пазар со ниската цена и носи моделско име со голема историска тежина.

Citroen 2CV беше едноставен автомобил, но беше генијално едноставен автомобил. Citroen DS беше комплициран автомобил, но беше генијално комплициран автомобил. Тоа би требало да се рамките во кои француската марка под покривот на Peugeot ќе го остварува своето пазарно присуство. Денес е препуштено повеќе маркетингот да ги создава автомобилите, отколку инженерите.

Citroen Ami е електрично возило за низ град, со едноставна техника и ниска цена. Единственото што го разликува од Smart Fortwo е во тоа што Французинот е помал – и не е автомобил. Ami во принцип е велосипед со четири тркала и со помошен електромотор, со кого што во ЕУ можат да управуваат и лица на возраст од 16 години.

https://www.instagram.com/p/B9HG6Q0oW8R/

Досегот изнесува 70 километри, крајната брзина е ограничена на 45 km/h. Сето тоа задоволство чини 6.000 евра. Совозачкото седиште е фиксирано, во кабината се пристапува низ врати што се отвораат спротивно една од друга: Вратата на совозачката страна има шарки назад, на возачката класично, напред. За багажник нема место, затоа е безуспешен и обидот да се најде капак назад.

Прозорците се отвораат како кај 2CV, односно се преклопуваат нагоре. Воздушни перници не се вградуваат, затоа што законите не го бараат тоа во оваа категорија. Место рачки на вратите, има јамки.

Ami е наменет само за градски сообраќај. Со должина од 2,41 метри, ширина од 1,39 и висина од 1,52 метар, тој е значително помал од Smart Fortwo (2,70 x 1,66 x 1,56 m). Кругот на вртење изнесува 7,20 метри, тежината e 485 килограми.

Градоначалникот Дарио Нардела и шефот на Renault за Италија, Бернар Кретиен, во електричниот Twizy

Батеријата со капацитет од 5,5 kWh е поставена под подот. Полнењето преку обичен приклучок за струја трае три часови. Бидејќи нема простор во кабината, кабелот се чува во врата.

Во Франција нема потреба ниту да се поседува возачка дозвола од категоријата AM. Четирициклот се нуди под долготраен договор за лизинг, со месечна отплата во висина од 19,99 евра. За возилото да премине во сопственост на корисникот, потребно е на крајот тој да доплати уште 2.644 евра.

Цената за изнајмување на Citroen Ami во мрежата на Free2Move (carsharing, односно јавен возен парк) изнесува 26 евроценти, односно исто колку електричен скутер во Париз.

https://www.instagram.com/p/B8o6yJep3Gy/

Што се однесува до моделското име Ami, тоа беше малечка лимузина што се појави во пролетта 1961 година, со дизајн од прочуениот Фламинио Бертони. Во 1966 година, Ami 6 беше најпродаван автомобил во Франција. Производството престана три години подоцна, до кога беа продадени 1,04 милион примероци. Наследникот се појави како Ami 8 и се произведуваше до 1978 година. Во секој случај, легендарни автомобили со големо име и се уште со многу обожуватели. Citroen Ami од 2020 година не е ниту едното, ниту другото. Штета.

Основни технички податоци

Citroen Ami
Renault Twizy

Должина

2,41 m

2,34 m

Ширина

1,39 m

1,24 m

Висина

1,52 m

1,46 m

Круг на вртење

7,20 m

6,80 m

Празно возило

485 kg

450 kg

Батерија

5,5 kWh

5,8 kW

Моќност

6 kW

8 kW

Досег

70 km

100 km

https://www.instagram.com/p/Bsik2yIlmoG/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салонот во Женева откажан, Швајцарија поради корона забранува собири

Салонот во Женева откажан, Швајцарија поради корона забранува собири

брзинско ограничување знак

Германците пресметаа: Темпо 130 по автопат ќе спречи 1,9 милион тони СО2