167
25 shares, 167 points

General Motors имаше големи планови со Chevrolet Volt. Автомобилскиот гигант на крајот се откажа од автомобилот што беше во огромна предност при премиерата на концептот во 2007 година

General Motors мора да заштеди шест милијарди долари. За таа цел, коцернот ќе отпушти 15.000 работници и се збогува со шест модели. Еден од овие автомобили всушност требаше да му обезбеди сигурна иднина на автомобилскиот џин од Детроит. Но, менаџерите не беа посебно заинтересирани да го пробијат автомобилот на пазарот. Станува збор за електричниот автомобил од „раниот период“, за Chevrolet Volt.

При првото појавување на овој автомобил во 2007 година, GM имаше загуба од преку 30 милијарди долари, а и моделската програма на американскиот гигант, составена од тешки СУВ-модели со осумцилиндарски мотори, не беше најсоодветна покрај цените на нафтата кои растеа вртоглаво. Се случи огромно изненадување, кога на салонот во Детроит беше претставен Chevrolet Volt, како концептен автомобил.

Chevrolet Volt беше најавен како концепт една година по Tesla Roadster

Електромобилот беше замислен како одговор на Tesla. Една година порано, калифорниската фирма го претстави Tesla Roadster, како предводник на цела генерација електрични автомобили од новата ера. Од Volt се очекуваше многу. Chevrolet планираше да продава по 45.000 примероци секоја година.

Chevrolet Volt istorija 6am#

Концептната изведба на Chevrolet Volt, којашто се појави во моментот кога електричниот автомобил му беше неопходен на General Motors, но американските менаџери не успеаја да го препознаат тоа навреме

Мина цела година до претставувањето на сериската верзија, точно за 100-от роденден на концернот. Но, на General Motors не му се брзаше. Во меѓувреме, гигантот се најде под стечај. Скапите горива и светската финансиска криза ја десеткуваа продажбата на автомобили. Големите планови за Volt пропаднаа.

Помошта пристигна од државата, со масивна финансиска инјекција за спас. Chevrolet Volt конечно стартуваше со продажба во 2010 година, но сé уште беше во голема предност наспроти повеќето конкуренти. Mitsubishi i-MiEV беше одличен, но премалечок, Tesla беше прескапа, единствениот вистински конкурент беше Nissan Leaf. Главната предност на Volt беше во погонскиот концепт.

Volt возеше 56 километри на струја, а потоа моторот се „претвораше“ во генератор на струја, за возење до 500 километри со еден резервоар

Првата верзија на Chevy поседуваше два електромотора, со 150 и со 75 КС, литиум-јон батерија од 17,1 киловатчасови и 1,4-литарски бензинец со 86 КС. Тоа што денес се нуди како плагин-хибриден погон, во тоа време беше сензација. Со досег до 56 километри, Volt можеше секојдневниот пат до работното место и назад да го мине само на струја, но можеше да се вози и на релации до 500 километри, затоа што бензинецот во тој случај се префрлуваше да работи како генератор на струја.

Chevrolet Volt istorija 5am#

Во 2011 година, Chevrolet Volt се запали при краш тест. Тоа остави траен белег врз имиџот на електромобилот. За девет години и по две моделски генерации, Chevrolet Volt се продаде во 157.085 примероци. Секоја година во просек се продавале по 17.500 примероци, што е речиси трипати под првично планираните 45.000 примероци.

Поради пожарот при краш-тестот, доцнеше и почетокот на продажбата на сестринскиот модел Opel Ampera на европскиот пазар. Германците исто така имаа големи надежи во електричниот автомобил, во годините веднаш по кризата. Менаџерите во Риселсхајм се надеваа на продажба од 12.000 примероци годишно.

Во Европа, во првата цела година се продадоа само 828 примероци од близначката Opel Ampera – овој успех не се повтори

Реалноста беше сурова. Ampera во Европа се продаваше уште послабо отколку Volt во САД. Во 2012, во првата цела пазарна година, беа регистрирани само 828 примероци. Тоа беше и врвот во продажбата.

Една од причините за неуспехот беше високата цена. Првата генерација во САД чинеше близу 40.000 долари, додека Ampera се нудеше на европскиот пазар за 43.000 евра. По таа цена беа достапни многу поголеми и полуксузни автомобили, со штедливи дизели. Најголемиот проблем: Nissan Leaf, како вистински автомобил на струја, беше поевтин за десетина илјади евра.

Chevrolet Volt istorija 4am#

Дури и самиот General Motors го усложнуваше проблемот, затоа што го продаваше Chevrolet Volt на европскиот пазар, паралелно со Opel Ampera. Имаше уште еден проблем. На најголемиот автомобилски пазар во Европа, германскиот, од 350 дилери на Chevrolet, само десет го продаваа американскиот електричен автомобил. Дилерите мораа сами да ги покриваат трошоците за полначите за струја и за обуката на сервисниот персонал.

Chevrolet Volt е уште едно сведоштво, како големите автомобилски концерни се однесуваат незаинтересирано со техника и со модели кои подоцна прераснуваат во масовен тренд. General Motors можеше да стане пионер на електричниот погон и до денес да доминира глобално, но Американците едноставно не сакаа да го продаваат овој автомобил.

Bolt веќе ги коригира сите досегашни пропусти на менаџментот на GM, но сега е залудно

Во меѓувреме, улогата на предводник во ерата на електромобилноста ја презема Chevrolet Bolt. Но, сега е предоцна за GM со овој модел да се издвои, на регионалната, а уште повеќе на глобалната автомобилска сцена. Наспроти близу 96.000 продадени примероци од Tesla Model 3 на пазарот во САД, во периодот од јануари до октомври, Chevrolet Volt има постигнато продажба од неполни 15.000 примероци.

Неславното поглавје со првиот електричен автомобил на General Motors

Првиот обид на американскиот гигант беше со неславниот EV1 во средината на 1990-те години. Сензационалниот електромобил беше примен одлично од американските возачи, но се чини дека токму тоа го „преплаши“ GM. По четири години производство, од Детроит наредија да се повлечат сите 1.117 произведени примероци од EV1 и да се уништат неповратно. Автомобилската индустрија некогаш е мошне сурова.

Chevrolet Volt istorija 8am#

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

Петстотини електрични Peugeot за жителите на Париз

Електрични тротинети за изнајмување во Лисабон

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили

Електричната Honda се подготвува за премиера

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
25 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743